AEGEE, welcome on board

AEGEE, welcome on board

Еду-картичката е поблиску до вас!

Последната соработка на ДаНаучиме е со студентската организација AEGEE. Па така, нашата соработка значи дека вие редовно ќе бидете информирани за нивните активности (а верувајте ги има често). Дополнително, сите оние кои не стигнале да ја набават својата Еду-картичка, сега тоа можете да го направите во нивните простории на Правниот факултет во Скопје.

Додека сè  уште не сме започнале со колоквиуми, тркнете до Правен и за само 249 денари подигнете ја вашата прва младинска картичка за попуст. Не заборавајте и редовно да не следите на Facebook или на официјалниот веб-сајт за сите новости.

А кога веќе одите во АЕGEE, распрашајте се малку повеќе и за нив.

AEGEE е студентска невладина организација која има свои локали во 250 европски градови. Заснована на идеите за обединетост на младите низ Европа и за нивно активно учество во сите области, AEGEE постојано учествува и поттикнува создавање на нови проекти, бројни работилници и работни групи, како и редовни посети на познатите летни универзитети. Годишно, се организираат повеќе од 300 настани, на локално и меѓународно ниво. Бројот на учесници варира од 20 до 1000, а изборот на дестинации е секоја година сè поголем. 

AEGEE дава уникатна шанса на секој студент, без разлика на тоа што студира, за малку пари да види многу, да пропатува делови до Европа за кои одсекогаш сонувал и да запознае млади луѓе полни со енергија, надеж и верба дека утре светот ќе биде поубав. И кога мотото им е Some call it Europe, we call it home! јасно ни е дека не може да има ништо лошо или пак здодевно.

Следете ги на Facebook или нивниот сајт.

 

Научи да купуваш паметно, користи картичка за попусти!

 

 

 

Share Button

Препорачани статии

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Кога срцето ти вика „журкај се“, ама паметот ти вели да живееш здраво, тогаш е време за АЕЖЕ (AEGEE)Скопје!

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Интересна хумантарна акција: одиме во кино со децата од домот ”11 Октомври”
Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Сите кои присуствувале на семинарот ќе добијат СЕРТИФИКАТ за учество по follow up (консултации за лично подобрување)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Темата на настанот ќе биде запознавање на работата на AEGEE Скопје (HR, PR и FR работилници), обучување во областа на организација на настани, функционирање на невладиниот сектор и дискусија за студентскиот живот