Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Еден од честите услови при конкурирање за работно место преставува поседување на работно искуство. Заради тоа, голем број на студенти, често се наоѓаат во незавидна ситуација по дипломирањето, со оглед на тоа дека за време на студирањето немале можност да стекнат практични вештини и знаења.

За да не се најдете во таква ситуаија, потребно е, по запишувањето на посакуваниот факултет, да почнете да размислувате за дополнително усовршување, обуки и пракси. Одвоивме неколку совети како квалитетно да го искористите своето слободно време за време на студиите, активирајте се да стекнете значајни, корисни и интересни искуства.

1. Најдете стручна пракса

Доколку вашиот факултет е од оние кои за своите студенти не организираат стручна пракса, тоа не е причина да се жалите и ништо да не правите по тој повод. Секогаш можете сами да се потрудите да најдете. Голем број на компании, распишуваат конкурси за практиканти, така што потребно е само да бидете добро информирани, подготвени и да конкурирате. Ако фирмата за која сте заинтересирани не ја нуди оваа можност, превземете иницијатива и обратете им се со желба да обавите пракса. Ќе се изненадите колку можности ќе ви се отворат и колку позитивни одоговори можете да добиете. Од големо значење е запознавање со работната атмосфера, како и применување на теоријата која моментално ја учите на конкретни примери. Ова искуство ќе ви биде драгоцено, а доколку се покажете добро, постои можност по дипломирањето да останете тука. Читајте за сите тековни пракси во делот Канцеларија за млади на Еду Магазин! Секако, можете да бидете и соработник/практикант во Да Научиме!

2. Зачленете се во студентска организација

Постојат голем број на студентски органзиации кои се занимаваат со различни активности ( ЕESTEC, EMSA, AEGEE, ESTIEM, BEST, Mладите можат).  Размислете која област ве интересира и со што би се занимавале во слободното време, пронајдете соодветна органзиација и станете нејзин член. Бидете активен член во организацијата, а тоа ќе ви овозможи да стекнете различни искуства, да ги подобрите своите комуникациски и организациони вештини, да усовршувате вештини за тимска работа. Ќе запознаете многу луѓе со слични интереси, ќе остварите значајни контакти и ќе се поврзете со луѓето од вашата идна струка. Со поделбата на улоги и со заедничко залагање ќе ги исполните целите и активностите, а чувството на синергија и заедничкото постигнување секако ќе ви се допадне.

Прочитајте и како да се храните здраво за време на студиите!

3. Посетувајте семинари

Иако многумина кога ќе помислат на семинар, првата асоцијација е досада и чекање да заврши предавањето, оваа активност може да биде многу интересна ако најдете нешто од вашата област на интересирање. Постои широк спектар на семинари од различна тематика, а многу од нив се добро организирани и корисни. Можете да се определите за оние кои се од интерактивен тип и да учествувате во дискусии и работилници. Ќе запознаете многу нови луѓе од различни факултети, ќе размените мислење, ќе станете мотивирани и ќе добиете инспирација за некои свои понатамошни чекори.

Може ќе ве интересира и како до поевтин студентски живот!

4. Вклучете се во проекти

Пишувањето на проекти и учестувањето во истите претставува во последно време многу перспективна активност, па од големо значење ќе ви биде на време да почнете со стекнување на такво искуство. Било да станува збор за некоја предиспитна обврска на факултет која може да прерасне во нешто значајно или пак некој голем проект во кој сте се вклучиле, таквиот вид на активирање ќе ви овозможи значаен напредок. Распрашајте се кој може да ви помогне и да ве упати во она што ве интересира, бидете креативни, соберете квалитетни луѓе околу себе и остварете ги своите идеи.

5. Волонтирајте!

Иако се однесува на работа која не е платена, право време за ваков вид на активности е за време на студирање. Кога ќе дипломирате, голема е веројатноста дека нема да имате толку желба за тоа бидејќи работата ќе ви биде на прв план. Општествените ангажирања и волонтирање на различни манифестации и настани, ќе стекнете релевантно искуство и добро ќе се забавувате. А при конкурирање за работа, ќе бидете во голема предност во однос на останатите кандидати. Не дозволувајте парите да ви бидат основен мотив за труд и работа, искористете ја својата енергија и ентузијазам и откријте ја убавината на волонтирањето.

6. Посетувајте курсеви

Било да станува збор за јазичен курс, работни вештини, работа на компјутер или нешто слично, вложувањето во себе е основен предуслов за постигнување на успех и добри резултати. Што повеќе посетени курсеви и обуки, ќе имате поголема корист од тоа. Секој курс ќе ви помогне да ги подобрите своите вештини и способности, да ги проширите видиците, да стекнете нови знаења. Доколку финансиската ситуација не ви го дозволува тоа, постојат голем број на курсеви чија цена е прилагодена на студентите. Потребно е само да се информирате и на време да најдете нешто за што сте заинтересирани. А каде има евтини и добри курсеви, прочитајте тука!

Немојте да бидете мрзеливи и да имате изговори како недостаток на време или обемен материјал на факултет. Иако некои од овие активности бараат посветеност, активирајте се, бидете истрајни и ќе бидете богати за различни искуства. Многу ќе ви донесат забава, нови познанства и дружења, а резултатите посебно ќе бидат видливи кога ќе се впуштите во барање на работа по завршувањето на факултетот. Во секој случај, времето поминато на овој начин, никогаш нема да биде изгубено.

Секако, еве и како да се забавувате за време на студентските денови!

Следете не’ на нашата фан страна на Фејсбук!

Share Button

Препорачани статии

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Кога срцето ти вика „журкај се“, ама паметот ти вели да живееш здраво, тогаш е време за АЕЖЕ (AEGEE)Скопје!

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Интересна хумантарна акција: одиме во кино со децата од домот ”11 Октомври”
Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Сите кои присуствувале на семинарот ќе добијат СЕРТИФИКАТ за учество по follow up (консултации за лично подобрување)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Темата на настанот ќе биде запознавање на работата на AEGEE Скопје (HR, PR и FR работилници), обучување во областа на организација на настани, функционирање на невладиниот сектор и дискусија за студентскиот живот