Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Кога срцето ти вика „журкај се“, ама паметот ти вели да живееш здраво, тогаш е време за АЕЖЕ (AEGEE)Скопје!

 

Овој неверојатен тим на позитивни и многу добро организирани млади луѓе од студентската организација АЕГЕЕ – Скопје во соработка со супер- проектот HealthForYouth , организира настан (како што тие си го викаат „пре-евент“ на она што следи во Патра, Грција) со цел да се потенција и промовира здравиот начин на живот меѓу младите. (За повеќе информации во врска со АЕГЕЕ и сите негови настани –  а верувајте ги има многу, можете да ѕирнете на www.aegee.org , aegee-skopje.org, или најдете ги на Фејсбук AEGEE – Skopje)
Доколку станеш член на АЕГЕЕ – Скопје можеш да се приклучиш кон организација и спроведување на овој настан со наслов haLALAlthy . Верувајте дека се најдобри кога станува збор за спојување на сериозното и корисното (во овој случај и здравото) и највеселите дружби за кои примаат пофалби од секој што учестувавл во истите. Зборуваме за интернационални пофалби, од цела Европа, затоа што целта на АЕГЕЕ е токму таа – да ги зближи студентите и младите луѓе на Европа.

Повеќе за АЕГЕЕ прочитај тука!

Овој пат го одбраа најубавиот период – пролет, кога нашиот убав град Скопје се буди во најубавите бои, тогаш е највесел, најЗДРАВ и најпретставителен! Сè е зелено, во воздухот се чувствува  мирис на расцветани дрва и алеи полни цвеќиња, и секој е надвор на улиците уживајќи во прекрасното сонце. А овој весел тим на Аежевци ќе се погрижи за една група на студенти од цела Европа кои ќе се пријават за овој настан, да им овозможи најубав и најлуд провод во тие 4 дена (од 26-30.04.2014)
Еве дел од нивната агенда:

– Тура низ град Скопје.
– Посета на Водно и кањонот Матка, со вклучени часови јога и аеробик.
– Едукативни работилници за подобар и поздрав начин на живот.
– Европски Ден, целодневна дружба со пикник и готвење  традиционални здрави оброци.
– Возење точаци низ Скопје.
– Тематски луди забави.

Звучи забавно ? А зборовите не можат да опишат ни половина од забавата што , всушност, ќе ја приредат Аежевците! Ако се чувствувате подготвени за предизвик , не двоумете се да живеете haLALAlthy .

Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте на попуст со Еду Картичка. Следете нѐ на нашата фан страна на Фејсбук!

Share Button

Препорачани статии

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Кога срцето ти вика „журкај се“, ама паметот ти вели да живееш здраво, тогаш е време за АЕЖЕ (AEGEE)Скопје!

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Интересна хумантарна акција: одиме во кино со децата од домот ”11 Октомври”
Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Сите кои присуствувале на семинарот ќе добијат СЕРТИФИКАТ за учество по follow up (консултации за лично подобрување)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Темата на настанот ќе биде запознавање на работата на AEGEE Скопје (HR, PR и FR работилници), обучување во областа на организација на настани, функционирање на невладиниот сектор и дискусија за студентскиот живот