Повик за учество на летен едукативен камп во Благоевград, Бугарија

Повик за учество на летен едукативен камп во Благоевград, Бугарија

Биди дел од незаборавно летно искуство

Американскиот Универзитет во Бугарија го организира годишниот Едукативен Летен Камп за средношколци од 6-ти до 26-ти јули, 2014 година.

Програмата е наменета за ученици на возраст од 14-18 години кои сакаат да поминат дел од својот летен одмор учејќи, забавувајќи се и запознавајќи нови пријатели од Бугарија и странство. Секој студент ќе може да одбере три од понудените 8 курсеви:

– Бизнис

– Новинарство

-Компјутерски вештини

-Комуникациски вештини

-Драма

-Лидерски вештини

-Кариерна ориентација

Секој курс е со времетраење од една седмица ( 5 дена во седмицата, 3 часа дневно). Студентите своите 3 курсеви ги одбираат при регистрацијата.

Сите часови се на англиски јазик. Професорите се нативни говорители на англиски јазик. Слушателите ќе бидат вклучени во проекти, дискусии, дебати и размена на идеи во релаксирана и неформална атмосфера, во модерениот кампус на Американскиот Универзитет во Бугарија. Преку различните активности, слушателите ќе имаат можност да ги подобрат своите комуникациски вештини по англиски јазик.

Попладневите часови, спортските активности, филмски вечери, групни игри и натпревари се дел од програмата на летниот камп. Предвидени се и две екскурзии низ Бугарија!

Цена -670 евра

Краен рок за пријавување – 10-ти јуни

Регистрирајте се на следниот линк ( клик тука)

Следете ја фан страната на Американскиот Универзитет во Бугарија!

 

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com