VISION – Финална конференција во огранизација на ESTIEM – Скопје

VISION – Финална конференција во огранизација на ESTIEM – Скопје

По минатогодишниот настан Europe 3D Macedonia и сега веќе завршената размена на студенти со локалната група од Ајндховен, на ред доаѓа долго-очекуваната VISION – Финална конференција

Vision проектот претставува серија од семинари ширум Европа, кои проучуваат различна тема секоја година. Целта на проектот е да се истражат и доближат иновативните пристапи, како и изучување на алатките потребни за разбирање на моменталните трендови. Овој проект силно ја поддржува комуникацијата помеѓу студентите и бизнис секторот. Секоја година се организираат 9 семинари на кои се дискутира за одредена тема, а 10тиот настан во низата е Финалната конференција каде што се сумира сè она за кое се говорело на претходните девет.

Редоследот на настаните што претходеa е следниот: LG Braunschweig, LG Istanbul ITU – LG Istanbul Yildiz, LG Karlsruhe, LG Gothenburg, LG Helsinki – LG Tempere, LG Ankara Bilkent, LG Novi Sad, LG Gdansk, LG Calabria.

VISION Финалната конференција во Скопје е закажана од 20-25 Мај, а овогодинешната тема е Customer Relationship Management. На настанот ќе бидат присутни 20 студенти од цела Европа кои ќе се запознаат со македонскиот начин на живот и култура и ќе го зголемат своето познавање на дадената тема. Интересни презентации и работилници од страна на одбраните предавачи во комбинација со предавањето на основачот, а воедно и првиот претседател на нашата локална група, ќе бидат доволни за да го задржат нивното внимание. На наше големо задоволство, Г-дин Кристијан Петковски, денес регионален директор за планирање во McCANN ќе одржи предавање на тема: “Customer Happiness Management – Creating brand experiences that keep the customers happy and build loyal brand fans”. Поддршка добивме и од уште еден бивши претседател на ЛГ Скопје, Г-дин Ристо Караколевски, кој ќе ни го долови своето ESTIEM искуство во реалниот живот на дадената тема. Секако разглед на градот, тимски игри и луди забави се неизоставен дел од секој ESTIEM настан.

Дали знаете каков подарок можете да добиете со купување на Еду Картичка! Клик тука!

Следете нѐ на нашата фан страна на Фејсбук!

 

Членовите на ЛГ Скопје сè уште работат со полна пареа. Верувајте, предизвик е во тек на испитна сесија да се подготвува и изреализира еден ваков голем настан во кој на крајот треба да бидат задоволни сите страни. Нетрпеливо го очекаме 20ти мај и се надеваме дека со гордо кренати глави ќе уживаме во настанот, исто како и гостите.

Share Button

Препорачани статии

VISION – Финална конференција во огранизација на ESTIEM – Скопје

VISION – Финална конференција во огранизација на ESTIEM – Скопје

По минатогодишниот настан Europe 3D Macedonia и сега веќе завршената размена на студенти со локалната група од Ајндховен, на ред доаѓа долго-очекуваната VISION – Финална конференција

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Дајте им поддршка на ESTIEM на T.I.M.E.S
[ЕСТИЕМ ЛГ Скопје] Europe3D годинава и во Македонија

[ЕСТИЕМ ЛГ Скопје] Europe3D годинава и во Македонија

Да се покажеме како добри домаќини!

ЕСТИЕМ-ци информираат: како да се биде поуспешен?

ЕСТИЕМ-ци информираат: како да се биде поуспешен?

Машинци од Европа, обединете се!