Бесплатни работилници од светски познатата Мади Шарма- Имам идеја за Бизнис сега што?

Бесплатни работилници од светски познатата Мади Шарма- Имам идеја за Бизнис сега што?

По големите европски сцени во кои секојдневно ги држи своите инспиративни говори Мади Шарма
говори, на 3ти и 4ти јули ќе можеме да ја видиме и во Скопје. Со двете еднодневни работилници посветени на
претприемништвото и Македонија ќе добие свое место на мапата на земји во кои е почувствуван
МАДИ ЕФЕКТот.

Дамата која царува во деловниот свет и успева да го разбуди претприемачкиот дух кај сите нејзини
слушатели, во Скопје, заедно со нејзиниот тим, ќе одржи две бесплатни еднодневни работилници под
името Имам идеја за Бизнис сега што?

На овие работилници, слушателите преку нејзиниот личен
пример ќе можат да добијат насоки, како работејќи на себе да успеат да ги достигнат своите соништа и
е да станат успешни.

Она што ја разликува Мади од сите останати инспиративни говорници е нејзината
посветеност кон вистинските вредности, кои и покрај суровоста на деловниот свет, сеуште се
деловниот применливи и во бизнисот.

Таа со посебен жар говори за моралот и етиката, за социјалната одговорност и за задоволството од водењето на бизнис, вредности, кои во денешницата се ставени на маргините и се заменети со суровата желба за профит. Во фокусот на нејзините инспиративни говори, посебно место му припаѓа на женското претприемништво, кое и во 21 век се соочува со
специфични проблеми и препреки, како што се: традиционалните сфаќања за позицијата на жената во семејството, отежнатиот пристап до информации и финансиски извори итн.
Познавајќи ги приликите во нашиот регион, но и можностите кои секој од нас ги поседува, Мади одлучи овие работилници да бидат бесплатни, со цел добро познатиот МАДИ ЕФЕКТ кој поттикнува промена да биде достапен до пошироката публика. Работилниците ќе се одржат во апен просториите на СИВУС Едукативниот и Развоен Центар SEEDC на 3ти и 4ти Јули, со траење од 10 до 14 часот – https://www.facebook.com/events/410478835760282/.

Пријавите ќе се доставуваат на следниот линк -http://form.jotformeu.com/form/41775214118351

Еднонеделната работна посета на Македонија, Мади Шарма ќе ја искористи и за низа средби со бизнис заедницата и невладиниот сектор, со цел да ги запознае со нејзината нова инвестиција во Македонија, Бизнис Комплексот КоСид кој треба да започне со работа овој септември.

Мади Шарма е жена- претприемач, која ја основа, инспирира и мотивира МАДИ Груп, групација на меѓународни приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации – МАДИ Центри. Философијата на Групацијата е креирање на иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.
Како инспиративен говорник, таа храбро ги презентира своите ставови на темите претприемништво, различност и полова рамноправност и вдахновува инспирација за позитивна промена кај секој слушател.
За своето глобално делување таа има добиено повеќе признанија меѓу кои Asian Woman of Achievement и UK’s Best Boss, а Британската влада ја именуваше и за свој претставник во Европската економска и социјална комисија.
За неа во оваа година е снимен и документарниот филм, кој наскоро треба да ја доживее својата премиера.
За шармот на Мади Шарма и за работлниците, дознајте повеќе на www.madisharma.org и на Facebook стрната на Мади Груп – www.facebook.com/MADIgroup.
Madi Group
33 Radford Boulevard, Nottingham, NG7 2FD, UK
Madi Sharma – Founder “Madi Group” – Make A Difference Ideas group of International Private and Social Enterprises
Enterprises.
Nottingham, London, Delhi, Paris, Warsaw, Kragujevac, Bastia, Brussels, Skopje, Zagreb

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com