Ништо не е така како што изгледа!

Ништо не е така како што изгледа!

Колку пати во нашиот живот зад маската на среќа се кријат солзи,  зад насмевката на луѓето стои тагата, а зад повеќе

Ништо не е така како што изгледа!

Колку пати во нашиот живот зад маската на среќа се кријат солзи,  зад насмевката на луѓето стои тагата, а зад пријателот стои непријателот? Во животот ништо не е така како што изгледа.  Сите се трудиме да го претставиме нашиот живот како совршен. Дали се лажеме себе си или другите? Дали го живееме својот живот или нечиј туѓ, непознат? Очите се огледало на душата велат, но што ако ги покриеме очите со очила? Сега сфаќам зошто очилата се толку популарни. Не затоа што се моден додаток, туку затоа што ни помагаат да ја скриеме вистината која боли, вистината за нас самите.

Зад човекот стои ѕверот, зад ветувањата на политичарите стои лагата, зад богатствството стои мизеријата, зад добрината стои лошото. Јинг и јанг. Добрина и злоба. Не го правиме тоа за да ја скриеме  лагата, туку за да ги отргнеме луѓето од вистината. Дај им ја добро поставената лага и никој нема да се посомнева. Научи го човекот да те гледа на еден начин и тешко дека некогаш ќе се посомнева. Човекот е режисерот на сопствената куклена претстава, а  луѓето околу него се куклите со кои тој манипулира. Тоа е можеби и проблемот во светот. Луѓето не размислуваат, туку само го прифаќаат тоа што им е дадено. Еве еден практичен пример. На Фејсбук не читаат туку само кликаат на копчето „ ми се допаѓа“. Колку од вас кликаат „ми се допаѓа“ на  постовите на пријателите без да ја прочитаат содржината? Еве и друг пример од секојдневниот живот. Познат доктор се разведува поради афера. Никој не се сомнева, туку ја прифаќа приказната дека таа личност ја изневерила својата половина. Исто е и со политичарите. Зошто се политичарите толку успешни? Затоа што знаат да ги кажат вистинските работи во вистинското време.  Ѝго даваат на јавноста тоа што го бара и сака да го слуша и народот како хипнотизиран не размислува туку ги прифаќа нивните зборови надевајќи се дека работите ќе станат подобри. Јавноста гледа ТВ и ги впива информациите кои ѝ го трујат организмот и сите стануваат исти.

Но, што е со тие што се поинакви? Кои размислуваат со својата глава? Тие кои се сомневаат? Тие  мора да се отстранат бидејќи се опасни и можат да им го вратат видот на слепите луѓе околу нив. Отстрани ги тие кои размислуваат со своја глава и владеј со тие чии мозоци се испрани. Храни ги со тоа што им се допаѓа и никој нема да се посомнева во нивните вистински намери. Луѓето се плашат од лошиот волк, но јас најмногу се плашам од наивната овца која без да се сомнева во туѓите намери оди мирно кај волкот. А зошто? Затоа што му го отвора патот на волкот за да си ја постигне својата цел.

Share Button

Препорачани статии

Курс по италијански јазик за архитекти

Курс по италијански јазик за архитекти

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Aнглиски јазик за медицинари

Aнглиски јазик за медицинари

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготовка – пракса за полагање на испит DITALS во Салерно, Италија

Подготовка – пракса за полагање на испит DITALS во Салерно, Италија

За сите идни наставници по италијански јазик

Што всушност не сте знаеле за Фејсбук

Што всушност не сте знаеле за Фејсбук

Фејсбук како „културно поле“ меѓу народите на денешницата, каде што се разменуваат мисли, идеи и ставови. Мрежно место кое е повеќе