Совет за љубителите на животни

Совет за љубителите на животни

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ ДЕКА….

•Само една кучка и нејзиното потомство во период од седум години може да донесе на свет 60 000 кучиња,
•Повеќе од 70% од овие животни би биле усмртени во страотни околности на улица, или локалните стационари, •Сеуште најактуелна метода на намалување на бројноста на бездомните кучиња и мачки во градовите и селата низ Македонија е нивно труење, дури и застрелување.
•Просечна возраст која ја доживуваат животните на улица е до две и пол години (иако во нормални услови векот им е 8-15 години) – жртви се на константни трауми, малтретирања од страна на злонамерните луѓе, глад, болести, болка и измачување…

ЗАТОА ДОБРО ЗАПОМНЕТЕ ГО СЛЕДНОВО:

1) Кастрираните животни многу поретко завршуваат на улица каде ги очекува глад, жед, возила, тепања, отрови, болести, студ, страв и изгубеност..

2) Со кастрација се спречува неконтролирано зголемување на популацијата на домашните животни, а со самото тоа и непотребното нивно завршување на улица, непотребното нивно мачење и убивање. Се затвара кругот на раѓањето кученца и мачиња кои се непожелни на улиците и притоа се спречува нивното масовно усмртување,

3) Стерилизацијата/кастрацијата го решава проблемот при прошетка на вашето куче -нема повеќе собирања на глутница мажјаци и нивно континуирано завивање кога женка има циклус,

4) Со стерилизација/кастрација се спречува психолошкото измачување на животното, односно неговата депресија, агресивноста кон другите животни, како и бегањето од дома во потрага по партнер за да се задоволат природните нагони,

5) Доколку е животното бездомно, а го стерилизирате, тоа има значително поголеми шанси да преживее на таа територија. Не е плодно и не се размножува, ја чува територијата од миграција на други единки, воедно хормоналниот статус му е смирен, не се групира во глутници,

6) Стерилизацијата/кастрацијата е идеална заштита од болести на животното како што се тумор на градите, тумор на матката, пиометра, сепса, рак на простатата и тестисите,

7) Медицински е докажано дека стерилизираните/кастрираните животни подолго живеат,

8) Денес ваквите оперативни зафати се извршуваат сосема рутински, така што животното веќе по неколку часа по операцијата е свесно и може речиси се’ самостојно да извршува. Вашата обврска е само да внимавате да не ги оштети шавовите, кои се вадат по 7-10 дена.


КОГА НАЈРАНО МОЖЕ ДА ГО СТЕРИЛИЗИРАТЕ, ИЛИ КАСТРИРАТЕ ВАШИОТ МИЛЕНИК?

Ветеринарите препорачуваат стерилизација на женките пред првиот циклус. Животното нема да заостанува во растот и развојот. Стерилизацијата/кастрацијата не влијае на темпераментот и интелигенцијата на животните, а нема ни влијание врз дебелеењето кое зависи исклучиво од количината на храна што животното ја јаде.

Ако го имаме предвид фактот дека домашните животни и миленици се издвоени од своето природно живеалиште, на нас е одговорноста за нивната благосостојба и размножување. БИДЕТЕ СОВЕСЕН И ОДГОВОРЕН СОПСТВЕНИК И НА ОВОЈ НАЧИН СПАСЕТЕ МНОГУ ЖИВОТИ ОСУДЕНИ НА ТАЛКАЊЕ, ГЛАД, СТРАВ, БОЛКА И СМРТ.

ЗНАЈТЕ И ДЕКА СО ПРЕВЕНЦИЈА ДА СЕ РАЃААТ НОВИ ЕДИНКИ, ИМ ДАВАТЕ ПОВЕЌЕ ШАНСА НА ВЕЌЕ РОДЕНИТЕ ДА ПРЕЖИВЕАТ.

ПРЕДВИДЕТЕ ГИ ПОСЛЕДИЦИТЕ  И ДОНЕСЕТЕ ПРАВИЛНА И ХУМАНА ОДЛУКА

Share Button

Препорачани статии

Започнете го денот со овошје

Започнете го денот со овошје

Појадувајте овошје

Придобивки од користење на морска сол

Придобивки од користење на морска сол

Природната морска сол е здрава и има терапевтски својства

Големиот замок во Прага

Големиот замок во Прага

Големиот замок во Прага, исто така познат и како Прашки град, претставува импресивен комплекс кој најде свое место и во Гинисовата книга на рекорди

Ровињ – романтичен, чист и префинет
Како гледаат бувовите навечер?

Како гледаат бувовите навечер?

Во античка Грција бувот претставувал симбол на мудрост.