ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ ВО EXCEL – ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ НА ПОЗНАТИ ТЕОРИСКИ КОНЦЕПТИ ОД ОБЛАСТА НА ФИНАНСИИТЕ, БАНКАРСТВОТО И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ ВО EXCEL – ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ НА ПОЗНАТИ ТЕОРИСКИ КОНЦЕПТИ ОД ОБЛАСТА НА ФИНАНСИИТЕ, БАНКАРСТВОТО И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

Со Еду Картичка, имате попуст од 10%.

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Оваа обука има за цел, преку практични разработени примери да ги претстави неискористените можности на Microsoft Excel. Обуката ќе ви ги презентира методите кои најчесто се користат во бизнис праксата и ќе ви ја покаже насоката во која ќе треба да ги развивате сопствените вештини.Форматот на курсот е структуриран така што се почнува со одредена важна финансиска теорија за која се презентира соодветен пример или модел во Excel.

Со помош на новостекнатите вештини, професионалците ќе можат да го скратат потребното време за извршување на секојдневните деловни обврски и пресметки. Студентите со новите знаења ќе можат да ги разјаснат теориските концепти од областа на финансиите, банкарството и пазарот на капитал, и со зајакнување на сопствениот програма го зголемуваат својот проспект во идната кариера.

На крајот од обуката ќе изработиме практичен пример за креирање на финансиски модел на домашна компанија. Преку пример, ќе ги анализираме финансиските извештаи на компанијата, ќе создадеме изворен модел што ќе може понатаму да се користи за вреднување на компанијата и нејзините акции.

Курсот би помогнал:

-да се појасни начинот на вршење на анализа на финансиските извештаи,

– во процесот на креирање на финансиски планови,

– при истражување на пазарот на капитал,

– да се разбере концептот на вреднувањето на финансиските инструменти,

– во надминување на практични проблеми во банкарското работење.

Курсот ги запознава учесниците со следните методи во Excel:

–  функции во Excel (финансиски, статистички, условни)

– употреба на алатките “Regresion analysis”, “Pivot Table” и др..

-употреба на “што-ако” алатки (“Solver”, “Data Table”, “Goal Seek”,анализа на сценарија)

-работа со графикони, матрици, симулации и др.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

За широк спектар на корисници (бизнис професионалци од областа на бизнис администрацијата, финансиите, банкарски служненици, агенти за осигурување и студенти на студии по финансии и/или економија).

ПРЕДАВАЧ:

м-р Васко Богдановски

Васко Богдановски е креатор на софтверскиот пакет за оптимална алокација на финансиски средства „Opfolio“. Има долгогодишно работно искуство во високо образование како предавач/асистент во областа на финансискиот менаџмент. Како предавач е ангажиран во повеќе стручни семинари и обуки организирани од КХВ и Стопанска комора. Вработен е во секторот за управување со ризици во НЛБ Нов Пензиски Фонд.

Со оглед на фактот дека секој дел од агендата ќе биде практично работен преку користење на MS Excel, ги информираме сите учесници на обуката дека е потребно да поседуваат лап топ.

Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на обуката.

Цената на обуката за еден учесник изнесува 6.600 денари.

Со Еду Картичка, имате попуст од 10%.

Сите учесници на обуката ќе добијат работен материјал и Сертификат за учество.

Дополнителни информации на 078 22 55 61

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com