Валеријана – билка против несоница

Валеријана – билка против несоница

На сите нас ни се случува да во одреден временски период страдаме од несоница, па дури и да легнеме на време и да чувствуваме поспаност и замор, сепак сонот никако да дојде

Наместо тоа, се вртиме на едната па на другата страна, но до утрото да не успееме да заспиеме. Сите знаеме дека спиењето е многу важно за здравјето, дека ја враќа изгубената енергија, ги обновува клетките и не закрепнува психички. Само една не проспиена ноќ резултира со катастрофални последици како мамурност, главоболки, пад на концентрација, замор и комплетно го пореметува нормалното функционирање наредниот ден.
Исто така знаеме, дека лекот за сите болести и нарушувања на здравјето е во природата, но ретко кога знаеме која билка за што служи.

Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте на попуст со Еду Картичка. Следете нѐ на нашата фан страна на Фејсбук!

Еден од природните лекови за несоница е валеријана. Името го добила од латинскиот збор “Valere”, што значи да се биде силен и здрав. Потекнува од Европа и Азија, а може да има бели или розови цветови, кои се со многу јак мирис.
Оваа чудотворна билка луѓето од Европа и Азија ја користат уште во 16 век. Истражувањата покажаа дека киселината која ја лачи оваа билка има корисен ефект на нервните центри за релаксирање  и тоа помага да се опуштиме и да заспиеме.

organic-valerian-root-tea
Интересно е тоа што фармаколошките својства на валеријаната не се наоѓаат во листовите, ниту во цветот, туку во коренот на билката. Покрај тоа што е добра за несоницата, валеријаната е исто така добра против напнатост и главоболки.
Внимавајте, валеријаната не се препорачува за деца под дванаесет години, па ако имаат класични симптоми на несоница, немојте да давате ништо на своја рака.
Ако мислите дека несоница е само кога не можете да заспиете, не сте во право, несоница може да се нарече и немирен сон и будењето неколку пати во текот на ноќта, ако ова се повторува од ноќ во ноќ, ако се случи една или две ноќи да ви се тешки без сон, причината можат да бидат различни нешта, вклучувајќи ги временските услови, но тоа не е класична несоница. На несоницата може да влијаат алкохолот, пушењето, консумирањето лекови, недостаток на физичка активност, бучава, пиење премногу кафе, кока кола и јадење слатки пред спиење, а кај жените може да се случи за време на бременоста и менопаузата. Но, без разлика што е она што ја предизвика, несоницата секако ни го пореметува секојдневието и не спречува да ги извршуваме нормалните дневни активности.
Ако страдате од несоница, пробајте го овој едноставен лек. Еден час пред да легнете, напијте се чај од валеријана. Таа ќе помогне да се опуштите, да се смирите и да си обезбедите квалитетно спиење. Она што е добро со валеријана е дека, во однос на седативите кои сите ги земате кога имате проблеми со спиењето, или апчињата за спиење по што се чувствуваме поспани – од оваа билка не постои ризик од несакани ефекти и зависност.

Чајот од Валеријана може да го најдете во сите билни аптеки.

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com