Волонтирањето претставува помагање во секоја смисла на зборот

Волонтирањето претставува помагање во секоја смисла на зборот

Што е волонтирање? Зошто треба да бидеме волонтери

1. Што претставува волонтирањето за тебе?

-За мене волонтирањето претставува помагање во секоја смисла на зборот. Пружање подршка, искажување на сочувство, но не сожалување, едноставно правење некаква добрина ама од срце затоа што инаку не би ни било волонтирање.
Моментално волонтирам во „Дневниот ценатар“ во Шуто Оризари и многу ми е интересно, но и напорно затоа што има многу немирни деца.

2. Кој е твој омилен вид на волонтирање?

-Со волонтирање почнав пред неколку месеци така што и немам некакво искуство, но сепак и тоа малку е доволно да се одлучам. Она што сакам да го правам е предавањето и објаснувањето на нејасни лекции, особено задачи. Се обидов и со преведување на еден текст за списанието „Лице в лице“, но тоа ми беше многу пасивно бидејќи повеќе сакам жив разговор и поголема активност.

3. Што те мотивираше да започнеш со волонтирање?

-Сакав уште многу одамна да почнам со волонтирање, но изгледа не бев доволно подготвена. Потоа сакав да се запознам со еден поинаков свет со кој ретко кој е запознаен, но и барем за малку да се оттргнам од својот живот и проблемите и да сфатам дека има и многу други на кои општеството не обрнува доволно внимание. Друга причина се децата. Нивната радост, едноставност, но и итрост ме развеселува, понатаму денот ми е многу весел и жив.

4. Дали волонтирањето ти пречи во училишните обврски?

-Токму напротив. Тоа дури и ми помага. Искрено по само два часа поминати во центарот јас се чувствувам поубаво и имам поголема желба за да одам во училиште, така што на некој начин се се урамнотежува. Освен тоа, секој може да го постигне она кон коешто цели, ама само ако доволно сака.

5. Што може да се направи, според тебе, за да се мотивираат младите да почнат да волонтираат?

– Мислам дека е веќе време да им се покаже на младите дека светот не се врти само околу нив и дека тие не се единствените со проблеми во животот. Но, за тоа одговорност треба да превземат повозрасните бидејќи најчесто тие се оние кои ги учат сопствените деца на себичност и подлост. Исто така можат да се направат и многу други проекти и кампањи кои ќе бидат сериозно сфатени, а не како повеќето без цел, а најлошо од се е тоа што оние кои ќе присуствуваат на тој настан си заминуваат со празни глави.

6. Каков вид на волонтерство мислиш дека недостасува во Македонија?

– Во Македонија недостасува секаков вид на волонтерство. Дури и оние кои кажуваат дека волонтираат всушност само одат од едно место на друго и се сликаат. Никој не се интересира за ништо, ниту за луѓе, ниту за животни, ниту пак за природата. Единствено што е важно во овој денешен свет се парите и пред се друго се затвора очи. Можам да набројам сто вида на волонтерство што недостасува, но би било попусто бидејќи веќе ретко кој се однесува совесно. Има и исклучоци, секоја им чест, но затоа што се малку не можат да покријат се и затоа најчесто се преморени од отворање очи на луѓето.

Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте на попуст со Еду Картичка. Следете нѐ на нашата фан страна на Фејсбук!

 

Автор – К

Share Button

Препорачани статии

Информативна сесија за студирање во Италија за додипломски и последипломски студии

Време и место – недела 26.04.2018-та, од 20:00 часот, Едукативен центар ” Да научиме”

Повик за учество на работилница ” Велигденски обичаи и традиции во Германија”
Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997!

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или информирај се на 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997