Што се Сатурнови прстени?

Што се Сатурнови прстени?

Сатурновите прстени кои толку многу го вчудоневидоа човекот кој прв ги откри и натаму остануваат голема тајна на нашиот Сончев систем

Галилео Галилеј, првиот човек кој го истражувал небото со телескоп, во 1610-тата година забележал нешто необично околу Сатурн, нешто што изгледало како да излегува од неговата површина.

Четириесет и пет години подоцна, научникот по име Кристијан Хајгенс го изучувал Сатурн со подобар телескоп и видел нешто толку чудно, што верувал дека не смее никому ништо да каже за тоа. Забелешките за своето откритие ги шифрирал и кога подоцна биле пронајдени, во нив стоело следното: “Тој (се мисли на Сатурн)опкружен е со тенок сплоснат прстен, кој никаде не го допира, а кој е навален кон еклипсата.”.

Сатурновите прстени кои толку многу го вчудоневидоа човекот кој прв ги откри и натаму остануваат голема тајна на нашиот Сончев систем. Всушност, колку што е познато до денес, такви прстени не постојат на ниту едно друго место во космосот.

Eду картичка за само 100 денари? Клик тука!

Освен прстените, познати се и други податоци за планетата Сатурн. Нему му се потребни 29 ипол години за да го обиколи Сонцето, втора планета е по големина, после Јупитер, и има 10 сателити кои кружат околу неговата површина. Сатурн е опкружен со атмосфера низ која не можеме да навлеземе, но знаеме дека не претставува цврста материја. Се смета дека е можно во неговото јадро да постои цврста метална маса.

Денес се знае дека Сатурн има не еден, туку повеќе мистериозни прстени. Сите тие се наоѓаат во иста рамнина (како кругови на рамна чинија) и лежат во рамнината на сатурновиот екватор. Ширината на овие прстени изнесува околу 250 000 километри.

Вториот прстен е најсјаен. Тој е одвоен од надворешниот прстен со темен простор, а внатрешниот е многу магловит. Колку што е познато, прстените не се составени од компактна цврста или течна материја. Тие се составени од мали, одвоени делови на материјата, но посматрани од површината на Земјата изгледаат како да се споени. Поради нивниот наклон, прво им се гледа северната, а потоа јужната страна. Но, што се овие прстени и како настанале, и натаму останува мистерија.

Се претпоставува само дека Сатурновите прстени нема вечно да траат. Можеби ќе и бидат потребни милиони години, но гравитацијата на Сатурн ќе ги повлече прстените кон себе, така што овие восхитувачки форми потполно ќе исчезнат од Соларниот систем.

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com