Да научиме има потреба од агенти и промотери за проектот Еду Картичка

Да научиме има потреба од агенти и промотери за проектот Еду Картичка

Крајниот рок за пријавување е 07/03/2015 година

ДаНаучиме ДООЕЛ Скопје, објавува конкурс за соработници и ги поканува сите амбициозни млади луѓе да аплицираат за некоја од понудените  позиции.

ДаНаучиме (www.danaucime.mk) е приватна компанија, чија примарна дејност е раководење на веб портал за приватни подучувачи, единствен од ваков вид во Македонија. Во склоп на порталот е едукативниот магазин, чија цел меѓу другото е и објавување на информативни содржини од секаков вид, кои би им помогнале на студентите да бидат во тек со сите настани и случувања кои би ги интересирале.

Како дел од Да Научиме е и студентската Еду Карта – едукативна картичка за попуст на студентите во над 150 компании (кафулиња, ресторани, книжарници, спортски и едукативни центри и сл.). Бидејќи компанијата е во постојана потрага за нови компании соработници, потребни се практиканти кои би помогнале за ширење на Еду Карта и развој на проектот.

Можете да се пријавите за следните  позиции:

1. Aгент за продажба

Предност имаат комуникативни и креативни личности кои имаат желба активно да учествуваат во продажните и промотивните активности на компанијата и се мотивирани за постојан напредок и развој.

Задолженијата на соработниците за продажба вклучуваат:

–          Контакт со компании (закажување и остварување на состаноци),

–          Ажурирање на информациите поврзани со веќе постоечките соработници,

–          Продажба на Еду Картичка,

–          Промоција на компанијата на факултети/средни училишта,

Сите заинтересирани да испратат кратко портфолио на danaucime@gmail.com или да добијат повеќе информации на 071638997

 

2. Новинар за потребите на Еду Магазин

Предност имаат личности кои имаат искуство со пишување на текстови и креативни личности кои имаат желба да се приклучат на млад и амбициозен тим

Задолженијата на соработниците за потребите на Еду Магазин  вклучуваат:

–  Пишување на текстови во определена категорија на Еду Магазин во зависност од интересите,

– Креативно и идејно учестуво во развивањето на порталот,

– Следење на информации поврзани со образование и нивно навремено известување

Сите заинтересирани за пишување на текстови, потребно е да испратат текст за проверка на danaucime@gmail.com, при што

по извршената проверка, ќе бидат повикани на кратко интервју.

Местото за новинар подразбира волонтерска партиципација!

 

Крајниот рок за пријавување  е 07/03/2015 година

Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте на попуст со Еду Картичка. Следете не’ на нашата фан страна на Фејсбук!

Share Button

Препорачани статии

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Слушателите ќе имаат можност да научат многу интересни приказни за Божиќ во Италија и ќе имаат можност да дегустирате традиционални италијански божиќни слатки

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе