Што е игло?

Што е игло?

Луѓето кои потекнуваат од разни делови на светот, градат разни типови на куќи со материјалите кои се типични за нивната околина

На пример, дрвото и каменот ги има во изобилство во некои делови од светот и затоа во тие предели, куќите од дрво и камен се мошне популарни.

Во Аљаска и во ладните предели на канадските тундри многу тешко можеме да најдеме градежни материјали. Од таа причина, древните народи по име Инуити или Ескими, кои живееле во овие предели, користеле материјали кои ги имале во изобилство – снегот!

Инуитите ја нарекувале својата куќа „игло“ или „иглу“. Зборот „иглу“ значи – снежна куќа. Првите снежни куќи биле изградени од ловци, со цел да можат да преживеат во екстремно студени услови.

Следи не’ на нашата страна на Фејсбук – клик тука!

Голем број снежни куќи имаат кружна форма и се изградени од снежни блокови и мраз. Но, иглoто може да го сретнеме и во други форми и големини. За изградба на секое игло би ни бил потребени блокови со различна големина и во различен број.

Веројатно си мислите дека е малку чудно луѓето да живеат во вакви екстремни снежни услови во снежна куќа. Самиот снег и мразот се многу студени. Но, верувале или не, иглото е многу удобно за да живееме во него.

Блоковите од кои е изградено иглото го спречуваат студениот ветер. Снегот исто така е многу добар изолатор. Тоа значи дека, топлината во иглото – од мала газиена ламба или пак од самите луѓе – останува внатре. Внатрешноста на иглото може да биде за 40 степени потопла од надворешната температура.

Иглото со текот на времето станува се поцврсто и потопло. Иако внатрешната топлина предизвикува бавно топење на иглото, растопениот снег повторно се замрзнува. По неколку циклуси на топење и замрзнување, структурата на иглото ќе се претвори во вистински мраз, кој е уште поцврт и овозможува поголема топлина.

Искусен градител на игло може да изгради снежна куќа за еден час. Доколку никогаш порано не сте пробале да изградите игло, тогаш веројатно би ви биле потребни од три до шест часа. Се што ви е потребно е: доволно снег, неколку алатки итрпение.

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com