Koлку ѕвезди можат да се видат навечер?

Koлку ѕвезди можат да се видат навечер?

Доколку би започнале со броење на сите ѕвезди што ги гледаме, голема е веројатноста дека не би можеле да изброиме повеќе од илјада

Кога во ведра ноќ го набљудуваме небото посипано со ѕвезди, ни се чини како да ги има безброј. Па сепак, без телескоп видливи се само околу 6 000 ѕвезди.

Тоа не значи дека човек гледајќи во небото може да ги изброи сите шест илјади. Една четвртина од овој број се невидливи за нашето око, од проста причина што се наоѓаат премногу јужно. Од ѕвездите кои може да се набљудуваат од некое место на Земјата, во определен момент само половина од нив се видливи, бидејќи останатите се наоѓаат под хоризонтот. Дотолку повеќе што голем број ѕвезди близу хоризонтот не можат да се видат и поради небесната маглина.

Тогаш што ни преостанува? Доколку  би започнале со броење на сите ѕвезди што ги гледаме, голема е веројатноста дека не би можеле да изброиме повеќе од илјада.

Ѕвезденото небо може да се фотографира со помош на камера прицврстена на телескоп. На фотографија од една одредена точка на небото може да се видат многу повеќе ѕвезди, отколку со голо око. А ако филмот дополнително се експонира, на така добиената фотографија ќе може да се видат уште повеќе ѕвезди. Најпосле, ако се користи извонредно јак телескоп, станува возможно да се фотографираат повеќе од една милијарда ѕвезди.

Кога еднаш ќе се открие некоја ѕвезда на небото, тогаш мора да и се даде име или број за распознавање. Во дамнешни времиња, луѓето од многу краеви на светот (Арапите, Грците, Римјаните и Кинезите) им давале имиња на најјасните ѕвезди, како и на другите ѕвезди кои биле по нешто значајни. Така, повеќе од 100 ѕвезди го добиле своето име. Луѓето потоа дошле до идеја да се направи каталог на познатите ѕвезди. Првиот ваков каталог броел 1 026 ѕвезди, а датира од 137 година од нашата ера. Денешниот каталог содржи повеќе од 457 000 ѕвезди.

Share Button

Препорачани статии

Информативна сесија за студирање во Италија за додипломски и последипломски студии

Време и место – недела 26.04.2018-та, од 20:00 часот, Едукативен центар ” Да научиме”

Повик за учество на работилница ” Велигденски обичаи и традиции во Германија”
Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997!

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или информирај се на 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997