Како гледаат бувовите навечер?

Како гледаат бувовите навечер?

Во античка Грција бувот претставувал симбол на мудрост.

На бувовите веќе илјадници години им се придава посебно значење. Примитивните народи негувале многу празноверија поврзани со ова животно, главно поради неговиот необичен крик. Буката која ја прават бувовите во многу делови од Европа и денес се толкува како предзнак за смрт. Во античка Грција пак, бувот претставувал симбол на мудрост.

Разновидни врсти на бувови се распространети по целиот свет. Снежно белите пердуви на бувот од ледените арктички предели суптилно се вклопуваат со околината, чувајќи го на тој начин од погледот на предаторите. Може да се сретнат бувови со големина на врапче кои се хранат со скакулци и оси, но има и такви кои може да уловат и зајак.

Бувот е птица која е активна исклучиво ноќе, па поради тоа, целото нејзино тело е прилагодено на таквиот начин на живот. Кога ноќно време испуштаат крици, сеат страв кај сите животни кои се наоѓаат во нивна близина. И ако преплашеното животно се помести во таа прилика и направи некаков шум, бувот веднаш го лоцира тој шум, бидејќи има извонредно развиено сетило за слух. Ушите на бувовите се наклапушени, што не е случај со другите птици. Некои бувови имаат во задниот дел на ушите нешто што наликува на труба, што им овозможува подобро да слушаат.

Кога бувот ќе ја преплаши својата жртва и ќе го чуе шумот од нејзините чекори, може да го види својот плен дури и во потполн мрак. Постојат две причини за ваквата необична способност. Очните јаболчници кај бувот се многу еластични, така што тој може да ги насочува очите за само дел од секунда на било која далечина. Природата дополнително го обдарила ова животно и со способноста неверојатно многу да ги рашири своите зеници. Тоа му овозможува да гледа и при најмал зрак светлина. Очните јаболчници кај бувовите се така наместени, што тие мора секогаш да ја поместуваат и главата во оној правец во кој сакаат да погледнат.

Дури и пердувите му помагаат на бувот кога лови. Бувот има толку меки пердуви што може да лета речиси бесшумно и да се спушти нечујно кон пленот. Од друга страна, територијалното огласување на мажјакот во текот на мирните летни ноќи може да се слушне и на оддалеченост од 2-3 километри. Најчесто се огласува во квечерина, или во раните утрински часови. Бувовите имаат разни техники на лов. Може да го фатат пленот на земја, но и во полн лет. Oсобено сакаат да ловат ежови и змии и не се плашат од отровот на поскокот.

Share Button

Препорачани статии

Курс по конверзација – италијански јазик

Курс по конверзација – италијански јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Курс по конверзација – германски јазик

Курс по конверзација – германски јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Цена – 4500 денари за студенти и невработени лица!
Информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Повик за учество на работилница “Германскиот јазик, низ германскиот музика, кујна и филм”
Повик за учество на работилница ““Италијанскиот јазик, низ италијанската музика, кујна и филм”