Ровињ – романтичен, чист и префинет

Ровињ – романтичен, чист и префинет

Хрватска

Во еден од многуте крајбрежни градови на Хрватска, комплетно убави и романтични, чисти и префинети и на една од неколкуте порти кои се негово обележје

rovinj1

Ако сте од оние трагачите на мир и спокојство, ако спортот ви е во вените, а морето главна инспирација, тогаш ајде со нас на море во Ровињ! Со нешто повеќе од 14.000 жители и површина од 82км2, ова мало место на Јадранското крајбрежје може да понуди прекрасен стар град, можност за велосипедски тури, курсеви за едрење или едноставно лежење на плажа и уживање во природата. Оваа крајбрежна атракција на хрватскиот дел на полуостровот Истра, претставува туристички и риболовен центар и богато културно наследство со кое Хрватите се гордеат.

rovinj5

Најзабележителен дел на Ровињ е секако стариот град. Во периодот од XIII па се до XVIII век, ја доживеал својата најголема експанзија и покрај тоа што првите археолошки траги на живот датираат од бронзеното време. Cе верува дека стариот дел од градот започнал да се развива  уште во III век. Бил еден од најважните, поморски, пристанишни центри на тогашната Венецијанска Република од чие влијание низ вековите и денес се забележителни некои примеси во јазикот и културата на локалното население.

rovinj4

rovinj6

Карактеристични и од далеку забележителни за стариот град, се средновековните ѕидини. Градот има седум порти, од кои три се зачувани до ден-денес: Портата на Свети Бенедикт, Портика и Портата на Светиот Крст.  Централниот ден на ова мало градче има исклучително ограничениот простор кој условил изградба на тесни куќи, тесни улички и мали плоштади. Но, ќе се согласите дека не секогаш ширината го оплеменува просторот. Прошетајте низ тесните улици на Ровињ, напијте се едно убаво кафе и откријте ја тајната на долговечноста на локалното население.

rovinj3

rovinj8

Најголемиот споменик во градот е црквата Св. Ефимија која претставува венецијанска, барокна зграда. Нејзината камбанарија е дизајнирана од архитектот Алесандро Монополи од Милано и претставува реплика на црквата Св. Марко во Венеција. Изградбата на кулата започнала во 1651 година и траела цели 26 години. На врвот на кулата има голема бакарна статуата на Св. Ефимија и со својот прекрасен поглед, денес, претставува туристичка атракција.

rovinj7

Главниот градскиот плоштад „Trg Marshala Tita” е прекрасно шеталиште – го има автентичниот градски часовник, повторно венецијанска творба, изграден во XII век и мала фонтана. Во вечерните часови е главно збиралиште на многу туристи. Низ годините, како Ровињ се повеќе се развива, ќе наидете на луксузни ресторани и кафе барови кои го збогатуваат ноќниот живот, како за локалното население – така и за туристите и случајните минувачи.

Што е Ровињ и што е Јадранот ако не се прошетаат сите плажи и ако не се искористи исклучителната лековитост на морето. Нема да погрешите каде и да заминете. Но, за една од најпосетените плажи во Ровињ се смеата „Lone Bay” – плажата која се наоѓа на само 15 минути од центарот на градот. Подеднакво убави се и „Golden Bay”, „Monte Beach”, „Scaraba Beach”.

rovinjposledna

Освен тоа, уживањето во Ровињ може да се доживее и преку едрење кое е особено карактеристично за целото Јадранско крајбрежје. Особено актуелно е SPARK едрењето, кое се состои од тим морнари и инструктори со долго искуство во борбата против брановите и ветерот. Овие регати се единствена можност за авантуристите и љубителите на адреналин, а доста добро организирани во периодот од мај до кктомври – важи за совршен период од годината за еден ваков едриличарски потфат.

edrenjerovinj

Хрватска е надалеку позната, има прекрасна храна и култура, климата е благопријатна, но секако, сето тоа е прекрасно поради исклучителното крајбрежје кое плени со својата софистицираност, богата историја и начинот на кој животот е претставен како еден и единствен – вреден да се живее со полн капацитет и до последен здив. Уживајте ја и пренесете ја позитивната енергија и љубовта од морето и на генерациите што следат.

Share Button

Препорачани статии

Распоред на часови за групи по англиски јазик – нивоа од А1.1 -Б1.2 – почеток 27.11

Распоред на часови за групи по англиски јазик – нивоа од А1.1 -Б1.2 – почеток 27.11

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за германски јазик – нивоа А1.1 – Б2.2 – почеток 27.11
Специјализиран курс по германски јазик за медицинари

Специјализиран курс по германски јазик за медицинари

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Конкурс за доделување на 4 ваучери во вредност од 200 евра за јазичен курс по италијански јазик во Верона, Италија
Конкурс за доделување на 6 ваучери за зимски јазичен курс во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 6 ваучери за зимски јазичен курс во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/638997 или danaucime@gmail.com