“Oлтарот на последната жртва” во издание на “Култура”

“Oлтарот на последната жртва” во издание на “Култура”

Италијанскиот писател Паоло Родари е роден во 1973 година. Тој е познат италијански новинар и писател. Има работено во неколку весници, а од 2013 година е во Repubblica. Автор е на неколку книги, меѓу кои и „Олтарот на последната жртва“ (L’Altare Dell’ Ultimo Sacrificio), трилер објавен во 2013 година.

Италијанскиот писател Паоло Родари е роден во 1973 година. Тој е познат италијански новинар и писател. Има работено во неколку весници, а од 2013 година е во Repubblica. Автор е на неколку книги, меѓу кои и „Олтарот на последната жртва“ (L’Altare Dell’ Ultimo Sacrificio), трилер објавен во 2013 година.

Романот е преведен на македонски јазик во издание на Култура. Дејството се случува во Ватикан. Книгата има две текстури на читање, првата наликува на крими роман, додека втората е богата со историски детали, легенди и податоци за Ватикан. Во овој роман не постои ограничување на злото, во краток временски период се случуваат убиства на млади девојки токму на Велики петок пред Велигден, а Папата Микеле е немоќен да ги запре.

Убиецот е немилосрден, го осквернува тоа што во христијанството се смета за свето и сака да постигне хаос во Светата држава, но и во светот. Американскиот свештеник Џон Харис, поранешен вработен во ЦИА, е задолжен за безбедноста во Ватикан. Папата Микеле има целосна доверба во него, но како што ќе се одвиваат настаните, односно ќе се разоткриваат убиствата, таа доверба се ниша и се раѓа сомнежот.

Дали папата може да има доверба во луѓето за кои верува дека му се најблиски соработници? Никој не е безбеден во Ватикан, Родари успешно ги поврзува настаните што се случуваат во базиликите во Рим, за да самиот крај претставува вистински неочекуван пресврт.

Приказната започнува со силување и ритуално убиство на млада девојка во една од базиликите. Потоа се нижат и другите убиства. Харис не може да ги спречи, ниту да ги скрие убиствата. Еден млад новинар, Лупо Пагани, ги разоткрива злосторствата извршени над девојките кои не се направени случајно, туку се детално испланирани и имаат симболична порака до Папата.

Со Еду Картичка – 15% попуст во “Kултура”!

Кога јавноста ќе дознае за убиствата се бара одговорност од Ватикан, се бара вистината за злосторствата. Папата нема долго време, пред Велигден треба да се запрат убиствата и да се стави крај на злото.

Родари ништо не остава на случајноста, тој е вистински експерт за католичката историја и затоа во книгата вметнува различни легенди, историски детали, но и мрачни елементи како егзорцизмот.

Крајот несомнено е вистинско изненадување бидејќи цело време вниманието на читателот е насочено кон убиствата и истражувањата на новинарот Лупо Пагани. Убиствата се истовремено претставени од перспективата на жртвите и убиецот, со што се постигнува емотивна поврзаност со ликовите.

Злото што постои во Ватикан има голема моќ и потребна е голема верба за да се уништи. И додека злото се појавува во повеќе форми, Папата и останатите ќе треба да бидат навистина подготвени за да се соочат со тоа што ги очекува.

Извор  – Кајгана

Share Button

Препорачани статии

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997