Во кои барови има Еду попуст?

Во кои барови има Еду попуст?

Еду картичка е првата младинска картичка за попусти и поволности која на сите лица од 14-30 години им овозможува константни попусти во текот на целата година до 30% и седмични попусти до 70%! Еве во кои кафе барови и пивници имате Еду попуст:

1) Пивница Стар Град -20% попуст

До црквата Св. Спас, сместен е еден од најшармантните локали во Старата скопска чаршија.Пивницата Стар град е оригинално и по многу нешта особено место за сите љубители на доброто пиво и одличната забава. За посетителите, на понуда се пива од речиси, секој крај на планетава, како и превкусни предјадења, грицки, но и она што за секоја пивница е особен белег – деликатесни колбаси. За потполно шармирање на гостите организирани се и вечерни настапи на познати џез музичари.
На лето можете да уживате во прекрасниот поглед на црквата Св. Спас а на зима да уживате во пријатна домашна атмосфера зачинета со пријатна музика.

2) Roxy Rock -10% попуст

На улицата “Дрезденска” во близина на Педагошка академија, се наоѓа новиот скопски кафе бар “Roxy -rock”.
Идеално место за оние кои сакаат да избегаат од градската гужва и да уживаат наутро во кафе, во вечерните часови со вино и точено пиво. Кафе барот плени со пријатна атмосфера, цени достапни за секој и љубезен персонал
Се наоѓа веднаш зад Педагошка Академија.

3) Кафе Бар Мартини -10% попуст

Кафе бар Мартини е совршено место во кое може да се најде квалитетна храна и пијалок, интимен амбиент и беспрекорна услуга Прекрасната тераса втопена во природниот амбиент претставува пријатно место за утринско кафе со пријателите. Кафе бар Мартини располага со отворен и затворен дел со вкупен капацитет од 270 места, идеален за организирање службени состаноци и семејни собири. Ентериерот на кафе барот Мартини е единствен по својот изглед кој изобилува со мозаици во духот на македонската традиција, како и со витражи и слики репродукции од познати светски уметници. Во последните години заштитен знак на Мартини претставуваат уникатните рецепти за вкусните и единствени вафли кои никого не оставаат рамнодушен . Дојдете и посетете не и уживајте во единствениот амбиент и услуга.

4) Наргиле бар -10% попуст

Египетскиот и оригиналниот термин за Наргиле е hookah (shisha). Наргилето е инструмент за пушење на ароматизиран тутун (најчесто овошен) и се состои од неколку компоненти. Функционира така што чадот се пренесува низ воден слив, најчесто во стаклено дно (сад), пред инхалацијата.
Преведено на македонски од англискиот термин waterpipe, наргилето најлесно би го опишале како стаклено луле. Оригинално потекнува од Индија и Персија. Но пушењето Наргиле потоа станува популарно на Блискиот Исток и се повеќе добива на популарност во Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Австралија и Јужна Африка.

5) Американска слаткарница и кафетерија -К8 -20% попуст!

Традиционалниот вкус на американските слатки измешан со традиционалниот амбиент на Старата скопка чаршија ќе ви овозможи вистинско уживање. К8 е место кое ќе ви понуди слатки производи препознатливи за американското подневје, пита со јаболка, пита со ореви, колачиња со лимон или традиционално брауни или пак уживање кафе и капкеј со специфично американски вкус.

Амбиентот е збогатен со лесна музика, претежно џез, кое ви овозможува да се изрелаксирате и да уживате додека разговарате.

И во уште 20-тина други кафе барови можете да ја користите Еду картичка!

Дополнителни информации за Еду картичка добијте на следниот линк – клик тука! 

Следете ја нашата Фан страна на Фејсбук -клик тука!

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com