Со Еду картичка – 40% на курс по шпански јазик во јазичен центар “Алфабетико”

Со Еду картичка – 40% на курс по шпански јазик во јазичен центар “Алфабетико”

Овој јазик се зборува во 44 земји ширум светот, што го прави четвртиот географски најраспространет јазик

Шпанскиот јазик е рангиран како втор јазик во светот по бројноста на луѓето кои го говорат како примарен јазик. Околу 329 милиони луѓе го говорат овој јазик, за разлика од кинескиот (1.2 билиони) кој е рангиран на првото место;

Овој јазик се зборува во 44 земји ширум светот, што го прави четвртиот географски најраспространет јазик во светот, веднаш по англискиот (112 земји), францускиот (60 земји) и арапскиот (57 земји);Шпанскиот јазик е еден од најфонетските јазици во светот. Ова значи дека ако знаете како се пишува одреден збор, тогаш би знаеле и како се изговара. Единствен исклучок овде се поновите зборови од странско потекло, кои обично го задржуваат оригиналниот начин на пишување;

Сакате да го научите шпанскиот јазик? Дали знаете дека со Еду картичка можете да добиете 40% на интензивен курс по шпански јазик во јазичен центар “Aлфабетико”? Клик тука!

Искористете ја промотивната понуда и станете корисник на Еду Картичка за само 100 денари!

И покрај фактот што многу луѓе мислат дека баретката доаѓа од Франција, всушност ова е изум кој доаѓа од североисточна Шпанија;
Фламенкото не е само обичен танц, туку уметничка форма која вклучува гитара, пеење, танцување и држење на ритам со помош на удари на дланките;
Шпанската храна не е зачинета, како таа во Латино-американските држави. Овде почесто се употребува лукот отколку лутите пиперки;
Во шпанската исхрана нема да најдете тортиљи. Овој израз „тортиљи“ означува многу популарно и вкусно јадење од јајца и компири;
Главниот град на Шпанија, Мадрид се наоѓа точно во центарот на земјата;
Шпанија е единствена европска земја која се наоѓа најблиску до Африка;
Интересен факт е тоа што дури 44% од светското производство на маслиново масло доаѓа токму од Шпанија, што е два пати повеќе од Италија и четири пати повеќе од Грција;
Луѓето кои живеат во местото Кадиз во Шпанија, тврдат дека тие го измислиле јадењето пржена риба. Се верува дека англичаните во осумнаесетиот век ја превземале оваа идеја за нивното познато јадење fish ’n’ chips токму од Кадиз;
Многу зеленчук и овошје како што се доматите, компирите, тутунот и какаото биле увезени од Шпанија (преку нејзините американски колонии) во Европа;
Во Шпанија има многу развиен ноќен живот и постојат околу 344 000 барови во кои луѓето се забавуваат до раните утрински часови;
Шпанија има плажи кои се простираат на околу 8 000 километри;
Од Шпанија доаѓаат едни од најпопуларните уметници како што се Пабло Пикасо, Салвадор Дали и Хоан Миро;

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Лела, мандарините поскапеа, а  ти си ми уште скарана“

Лела, мандарините поскапеа, а ти си ми уште скарана“

Овој графит е урбана скопска приказна и речиси и да нема некој во Скопје кој не го видел или барем не слушнал за него преку муабети од другите.

Се чекаме на Рекорд

Се чекаме на Рекорд

На ова место сигурно се чекале вашите баба и дедо, вашите родители, а денес и вие се чекате на Рекорд.

Како настанале имињата на македонските градови?

Како настанале имињата на македонските градови?

Дали некогаш сте се запрашале како е настанато името на вашето родно место?

Како скопските населби и маала ги добиле своите имиња?

Како скопските населби и маала ги добиле своите имиња?

Дали некогаш сте се запрашале како Драчево, Чаир, Аеродром или познатите скопски маала како Дебар Маало ги добиле своите имиња? Прочитајте го текстот и дознајте за потеклото на имињата на некои од нив