Големиот замок во Прага

Големиот замок во Прага

Големиот замок во Прага, исто така познат и како Прашки град, претставува импресивен комплекс кој најде свое место и во Гинисовата книга на рекорди

Изградбата на овој замок започнува уште во 870 -та година, кога на денешната локација се подигнуваат првите камени градби. Низ вековите, градбата претрпувала реконструкции, обнови (по големите уништувања од пожари и војни), но и големи проширувања, со што е добиен денешниот изглед.

На почетокот, големиот замок во Прага бил дом на кралевите на Бохемија. Потоа, своја резиденција таму нашле и Римските императори, претседателите на Чехословачка, а денес замокот е дом на претседателот на Чешка, како и повеќе музеи и постојани изложби.

Прашки град денес држи и рекорд во Гинисовата книга на рекорди, како најголемиот древен замок во светот. Со површина од повеќе од импресивни 70.000 метри квадратни, најголема должина од 570 метри и просечна широчина од 130, овој замок (кој се состои од неколку палати, катедрали, градини и одбранбени ѕидини) дефинитивно заслужува да се најде на вашиот список за места кои мора да ги посетите во Прага.

Најголем дел од различните градби и делови од големиот замок во Прага се отворени за посетители, освен неколку затворени крила. Вредно е да се напомене дека скриено некаде во овој замок се чува и кралското богатство на Бохемија.

Share Button

Препорачани статии

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Слушателите ќе имаат можност да научат многу интересни приказни за Божиќ во Италија и ќе имаат можност да дегустирате традиционални италијански божиќни слатки

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе