Придобивки од користење на морска сол

Придобивки од користење на морска сол

Природната морска сол е здрава и има терапевтски својства

Во морската сол, покрај натриумот хлорид, се наоѓаат 80-тина различни елементи како калиум, магнезиум и манган кои прават чуда за вашето здравје, кожа и коса. Природната морска сол е здрава и има терапевтски својства. Таа содржи преку 80 елементи кои чудотворно делуваат на здравјето, кожата и косата. Најголемата разлика помеѓу морската и кујнската сол е што кујнската на повеќе од 650 степени Целзиусови ја менува својата хемиска структура и не ги содржи потребните елементи и минерали како природната сол.

 

1. Морската сол има алкализациски ефект кој помага во балансирање на нивоата на киселина во крвта, резултирајќи со елиминирање на потенцијални фатални болести.

 2. Може да го зајакне имунитетот и на тој начин телото да стане поотпорно на различни автоимуни болести како грипот, алергијата…

3. Има значајни ефекти врз кардиоваскуларниот систем. Научниците докажале дека редовното бањање во морска сол распрскана во вода, може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во телото. Исто така го држи и крвниот притисок под контрола и ја нормализира неправилната работа на срцето.

4. Метаболитичките нарушување, како дијабетесот, можат успешно да се третираат и лечат со морска сол бидејќи таа помага при намалување на шеќерот во крвта.

5. Повеќе од 20% од натриумот во нашето тело се акумулира во коските, кои се оштетуваат во ситуации кога има недостаток од минерали во крвта и телесните течности. Со додавањето морска сол во исхраната можете да избегнете и појава на остеопороза.

6. Морската сол е многу корисна и за респираторниот систем, додека минералите и олигоелементите, како и структурните делови на алгите кои содржат морска вода помага во подобрување на слузокожата. Морската вода има благи антисептични и антибактериски ефекти, што се припишува на јоните калциум и магнезиум.

7. Таа е добар извор на калиум, кој го олеснува функционирањето на мускулните влакна, па токму затоа и делотворно влијае врз грчевите.

8. Морската сол се смета за природен прочистувач на крвта. Таа содржи огромни количини витамин Ц кои делуваат како антиоксиданси и ги уништуваат слободните радикали. Магнезиумот пак овозможува ефикасно делување на антиоксидансите. На овој начин морската сол овозможува детоксикација на клетките на кожата така што ги апсорбира сите отровни материи од нив.

9. Како што се извлекуваат токсините од телото, така и кожата станува помека и поздрава. Доволна е само една купка морска сол за да ја направите вашата кожа поубава, поцврста и здрава.

10. Морската сол изобилува со витамини и минерали кои се од витална важност за правилна исхрана на клетките. Тие хранливи материи можат да го подобрат метаболизмот на клетките, да го одржуваат ткивото хидратизирано, да ја поттикнат циркулацијата на самата површина на кожата како и да ја подобрат силата на мембраната на клетките.

11. Калциумот помага во чистењето затворени пори на кожата.

12. Морската сол е идеален природен пилинг на кожата бидејќи нејзината текстура помага при отстранување на горниот слој мртви клетки кожа.

13. Таа е природен лек за масната кожа. Морската сол може да апсорбира вишок масностии од вашата коса правејќи ја мазна и убава.

14. Со помош на многуте минерали присутни во морската сол, косата ќе го добие посакуваниот волумен, а вашите прамени со леснотија ќе потскокнуваат. Таа исто така овозможува и доволно хранливи материи за фоликулите, кои ќе ја направат многу мека.

15. Морската сол е одлична во борбата против првут. Делува директно на кожата и ја спречува нејзината сувост.

Share Button

Препорачани статии

Курс по конверзација – италијански јазик

Курс по конверзација – италијански јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Курс по конверзација – германски јазик

Курс по конверзација – германски јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Цена – 4500 денари за студенти и невработени лица!
Информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Повик за учество на работилница “Германскиот јазик, низ германскиот музика, кујна и филм”
Повик за учество на работилница ““Италијанскиот јазик, низ италијанската музика, кујна и филм”