Запечено сирење во фурна

Запечено сирење во фурна

Вкусно и брзо

Сите вистински љубители на сирењето не може, се вистински обожувачи на топеното сирење. Сирењето е најубаво кога специјално ќе се подготви со додаток на зачини и сувомеснато и сето тоа ќе се растопи во земјен сад во фурна. Нема некој што може да му одолее.

 

Ова е рецептот за да подготвите специјално топено сирење со бешамел сос

  • 150 гр фета сирење
  • 100 гр овчо сирење
  • 100 гр кашкавал
  • 150 гр чадено или сушено месо, печеница, кулен или она што вам ви се допаѓа
  • 2-3 лажици доматно пире, сос, кечап
  • 2-3 лажици бешамел сос
  • 1 лажица кисела павлака
  • оригано, шампињони

* Бешамел сос

  • 1 лажица (30 гр) путер или маргарин
  • 1 ½  лажица брашно
  • 250-300 мл млеко

– Во тавче на загреан оган ставете го маргаринот да се растопи и во него додадете го брашното, а потоа постепено и млекото, Мешајте додека не се згусне.

 

Подготовка:

Најпрво земјениот сад се премачкува со маргарин или малку масло. Се става парчето фета сирење и се распоредува на дното со виљушка. Врз него се посипуваат 1-2 лажици од бешамел сосот.

Се додава еден ред од маринираните шампињони. Над нив се додава доматното пире. Малку оригано заради арома. Сувомеснатото исечкајте го на поситни парчиња и распоредете го.

Врз сето тоа нарендајте кашкавал, па премачкајте го со уште 1 до 2 лажици од бешамел сосот во кој доколку сакате може да додадете и кисела павлака.

Над овој слој додадете го издробеното овчо сирење и врз него изрендајте го преостанатиот кашкавал.

Вака подготвените садови  ставете ги во рерна на 200 степени и печете ги додека кашкавалот одозгора убаво не се растопи.

Послужете го и вкусете го додека е топло. Најубава дегустација е со топли крцкави лепчиња – фурнаринки.

Наместо сирење како додаток препорачуваме Дует Намаз од ЏСП Актуел!

Share Button

Препорачани статии

Информативна сесија за студирање во Италија за додипломски и последипломски студии

Време и место – недела 26.04.2018-та, од 20:00 часот, Едукативен центар ” Да научиме”

Повик за учество на работилница ” Велигденски обичаи и традиции во Германија”
Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997!

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или информирај се на 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997