Што претставува TOEFL испит?

Што претставува TOEFL испит?

Дали сте еден од студентите кој веќе некое време сериозно размислува за продолжување со образование во странство?

Најверојатно веќе имате имиња на некои од универзитетите чијшто студент би сакале да бидете. Сте се распрашале повеќе за нив и сте виделе дека при процесот на пријавување се бара и потврда за познавање на англиски јазик. А тука ,секако не станува збор дека благодарение на познавањето на англискиот јазик умеете без проблем да се снајдете во ресторан, автобуска станица, на доктор или во продавница. Потребно е со Вашето познавање на англиски јазик да одговорите без потешкотии на сите барања кои студирањето може да ги стави пред Вас.

По што се разликува Англискиот кој ви е потребен во ресторан од оној кој е неопходен за студирање на странски универзитет. Секако, по многу нешта.

Прва работа, која сигурно ви паѓа на памет се предавањата на англиски, предавања со траење од по неколку часови, како и фаќање забелешки на тие предавања (да бидеме искрени, тоа го прават девојките , а момчињата ги копираат тие уредно напишани забелешки). Но, во ред. Потоа, тој материјал мора да го прочитате од книги и учебници. Ќе се сложите дека, јазикот кој се користи при пишување на учебници е посериозен од јазикот на белетрискиката или популарното новинарство. А како финален производ на сето тоа –усно и писмено одговарање на прашања и задачи поврзани за поминатиот материјал, при што е потребно да се комбинираат информациите од предавањата со тие од учебникот и да се претстават со свои зборови.

Поинаков е од познавањето на јазикот кој ви е потребен за да нарачате јадење во ресторан нели?

Универзитетот на на кој сакате да студирате сака да биде сигурен дека вие ќе бидете во состојба да ги извршите сите обврски без проблем. Замислете се во амфитеатар, слушате предавање, секако професорот зборува брзо. Би го прекинале ли со молба како ”Can you speak more slowly, please? Could you repeat that, please?“ Секако дека не! Универзитетот сака да биде сигурен дека вашето знаење на Англиски јазик нема да ве спречи да поставите прашања, дискутирате, наведувате примери, аргументирате, елаборите..она што се бара од еден сериозен студент

Како универзитете можат да се уверат дека вие тоа го можете. Можат, ако при пријавувањето наведете дека сте освоиле потребен број на поени на  TOEFL испитот. Обрнете внимание! Намерно не е кажано!  Не е тест кој можете да го положите или не го положите туку е тест на кој можете да освоите од 0 до 120 поени. Ќе успеете доколку го освоите оној број на поени кои при уписот го бара Вашиот посакуван универзитет.

Јасно е дека универзитетите не можат да го проверуваат нивото на познавање на англискиот јазик на секој од студнетите што се запишуваат. Затоа им веруваат на луѓето кои тестирањето за познавање на англиски јазик работа

Да погледеме детално што е TOEFL испит

Прво, самото име е скратеница од Test of English as a Foreign Language.Како таков е наменет за сите оние  на кои англискиот јазик не им е мајчин. Познат е по својата објективност (од три до шест овластни стручњаци ги прегледуваат Вашите есеи и го процнуваат квалитетот на Вашиот усен говор)

Составен е од четири дела, бидејќи ги тестира сите четири јазични вешитни. На секој дел од испитот можете да освоите максимални 30 поени.

Разбирање на прочитан текст (Reading)

Oвој дел од испитот вклучува три до пет текстови со должина до околу 700 зборови.Секој текст е пропратен од 12 до 14 прашања. Вкупното време за изработка е 50-100 минути, односно 20 минути за секој текст. Не заборавајте, сè се работи на компјутер, така што 20 минути се точно 20 мин. Прашањата го проверуваат Вашето разбирање на текстот од области како биологија, хемија, физика, психологија и други природни или општествени науки.

Разбирање на слушан текст (Listening)

Ќе слушате 4-6 предавања и 2-3 разговори во должина од околу 3-5 минути. Секое предавање е проследено со прашања а секој разговор со по 5 прашања. Вкупното време за изработка е 60-90 минути. Кажавме разговор? Да, разговор помеѓу студентите, студент и професор, студент и административен работник на универзитетот. И тоа се реални ситуации во кои можете да се најдете кога почнувате да студирате на странски универзите зар не?

Способност за усно изразување (Speaking)

По паузата од 10 минути следи третиот дел од испитот. Тој е многу интересен дел, бидејќи вашето време за одговор е ограничено на 45 секунди ( и на 60 секунди). Звучи застрашувачки, но вежбата навистина прави чуда. Прашањата се однесуваат на слушаното предавање или  на разговорот на студентите но има и такви прашања на кои одговорот го давате според своето мислење и став. Не е потребно нешто да прочитате и одлушате за да дадете одговор на вакви прашања. Едно такво прашање би можело да гласи:

Describe something that you use to reduce stress. Explain why it is helpful. Include details and examples to support your opinion. (Имате 15 секунди да се подготвите и 45 секунди да дадете одговор на ова прашање)

Способност за писмено изразување (Writing)

Последниот дел на тестот подразбира пишување на два есеја. Првиот есеј се пишува на основа на прочитаниот текст и слушаното предавање кои имаат иста тема. Во предавањето вообичаено се изнесуваат информации кои се спортивни со оние информации кои се дадени во текстот. Во договорот е потребно на правилен начин да се прикажаат две спортивни страни на набљудување на иста проблематика. За тој есеј имате 20 минути.

Другиот есеј, всушност и последна задача од испитот е есеј кој го пишувате на даден тема, изнесувајќи свој став по прашање на друга проблематика.

Тестот трае 4 часа и се полага во еден ден. Се работи на компјутер, дури и делот на усно изразување. Вашиот одговор ќе биде снимен само еднаш. Немате право да го повторите вашиот одговор доколку не сте задоволни. Цената на испитот е 180 долари, и се плаќа само преку интернет (www.toefl.org).

Полагањето на испитот секкако е еден од важните чекори на патот кој води до студирање на странски универзитет. Што поголем број постигнете на самиот испит, вратата на поголем број универзитети ви е отворена.

 Американскиот Универзитет во Бугарија за сите свои апликанти овозможува бесплатни подготвителни часови по ТОEFL? Клик тука!

Ви посакуваме среќа!

За повеќе слични информации, посетете ја катeгoријата- Што треба да знам.

Share Button

Препорачани статии

Курс по конверзација – италијански јазик

Курс по конверзација – италијански јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Курс по конверзација – германски јазик

Курс по конверзација – германски јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Цена – 4500 денари за студенти и невработени лица!
Информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Повик за учество на работилница “Германскиот јазик, низ германскиот музика, кујна и филм”
Повик за учество на работилница ““Италијанскиот јазик, низ италијанската музика, кујна и филм”