Интересни факти за Јапонија

Интересни факти за Јапонија

Во последните 20 години Јапонија стана една од најинтересните и популарни земји во светот.

Уникатната нејзината култура, одличната храна и технолошкиот напредок ги фасцинираат, инспирираат и интригираат туристите.

Јапонија се наоѓа во Источна Азија , а нејзини соседи се Кина, Русија и Кореја .Земјата се состои од бројни острови , најосновните од кои се: Хоншу, Хокаидо, Кјушу и Шикоку .

Еве и некои интересни факти за Јапонија:

1. Токио е главниот град на земјата – еден од најбезбедните градови во светот.Доказ за тоа е фактот што во градскиот транспорт можат да се видат мали деца кои патуваат сами.

Учете јапонски јазик во Јазичен центар ” Aлфабетико”. Со Еду картичка  – попуст 10%!

2. Една од работите кои оставаат најголем впечаток во Јапонија е добро заштитената природна средина. Секој дел од земјата, дури и малите тревници меѓу облакодерите можат да бидат претворени во мини природни резервати. Историските споменици, згради и храмови се исто така многу добро сочувани.

3. Едни од најпознатите симболи на Јапонија се “Светата портата” (“Torii”) на островот Ицукушима , како и познатата планина Фуџи (3776 метри). Таму се наоѓа еден од најубавите вулкани во светот, опкружен со не помалку фасцинантни пејзажи.

4. Нара се нарекува првата империјална престолнина на земјата. Таа претставува вистински музеј на отворено.

5. Јапонија е мала земја, но во неа можат да се видат многу извонредни нешта.Таму се наоѓанајскапиот забавен парк во светот , како и четири од десетте највисоки вовчиња во забавен парк .Токио пак се гордее со најнапреден метро систем во светот.

6. Јапонската императорска династија никогаш не била прекината . Денешниот јапонски император Акихито е директен потомок на првиот император Џиму кој ја базира Јапонија во 711 година пред Христа.

7. Планината Фуџи е во приватна сопственост.

8. Бидејќи земјата строго ја чува сопственоста, таму има десетици фирми со повеќе од илјада години историја. Пример Хоши Хотел реката делува постојано од 718 годинанаваму.Хотелот се управува од едно исто семејство во текот на повеќе од 46 генерации .

9. Град Кјото е основан во периодот 792-794 година. До 1868 година го носеше името Хејан(во превод “град на мир и спокојство”) и официјално се смета за главниот град на земјата и резиденција на царот. Кјото е исклучително шарен и романтичен град , како и признат центар на меѓународниот туризам. Во него се наоѓаат околу 2000 храмови и цркви(17 од кои се под заштита на УНЕСКО), стотици паркови и десетици антички палати .Конкретната фасцинација на Кјото дава уникатна хармонија на зградите со околниот пејзаж.

10. Градот Бепу е еден од најголемите области со подземни термални води на планетата.

11. Во јапонското метро има вагони само за жени .

Во нашата галерија може да уживате во шармот на Јапонија.

Share Button

Препорачани статии

Курс по конверзација – италијански јазик

Курс по конверзација – италијански јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Курс по конверзација – германски јазик

Курс по конверзација – германски јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Цена – 4500 денари за студенти и невработени лица!
Информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Повик за учество на работилница “Германскиот јазик, низ германскиот музика, кујна и филм”
Повик за учество на работилница ““Италијанскиот јазик, низ италијанската музика, кујна и филм”