На АUBG имав можност постојано да комуницирам со своите професори, да добивам мислење и совет и бев постојано насочувана да размислувам критички и аналитички

На АUBG имав можност постојано да комуницирам со своите професори, да добивам мислење и совет и бев постојано насочувана да размислувам критички и аналитички

Симона Атанасова – “Заедно посилни”

На АUBG имав можност постојано да комуницирам со своите професори, да добивам мислење и совет и бев постојано насочувана да размислувам критички и аналитички

Имаме тим на обучени советувачи кои обезбедуваат врсничко советување на ново дијагностицирани лица со ХИВ или на оние кои имаат потреба од совет и информации

Која е Симона Атанасова?

Симона е девојка која сака постојано да учи, да истражува и да создава. Дипломирав на Американскиот Универзитет во Бугарија во 2012-та година. Амеркиканскиот систем на студирање овозможува паралелно студирање на две насоки, па така јас дипломирав на Политички науки и меѓународни односи и Европска политика. Пред да се вратам во Македонија во 2013-та студирав, волонтирав и работев на 3 континенти. Мотивацијата да се вратам во Македонија ја добив во Камбоџа на крајот од тримесечниот престој во Југоисточна Азија кога и решив дека сакам да работам на унапредување на квалитетот на живот на луѓето кои живеат на маргините на општеството во родната земја. Така сега работам во Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје.

Како Американскиот Универзитет во Бугарија ( АУБГ) придонесе  за твојот личен и професионален развој?

Студирањето на АУБГ е една од најдобрите одлуки што ја имам донесено во мојот. Како студент на АУБГ имав можност да живеам и да учам со студенти од 40 земји и тоа за мене беше можност да научам да ги почитувам различностите, да ги разбирам различните вредности и култури и да вреднувам размислувања кои се поразлични од сопствените. Исто така на АУБГ имав можност постојано да комуницирам со своите професори, да добивам мислење и совет и бев постојано насочувана да размислувам критички и аналитички. Како претседател и член на неколку клубови меѓу кои Модел на Обединетите Нации, Challenge: Future Chapter и Youth Empowerment Initiative научив за процесите на имплементирање на проекти, важноста на преземање на инцијатива и истите активности ги унапредија моите лидерски способности. Сето ова е одлична подготовка за она што го работам денес.

Кажи ни нешто повеќе за Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ ?

ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија.Во здружението членуваат лица со ХИВ и помал број нивни блиски поддржувачи, од најразлична возраст и пол, социјална позадина и етничка припадност.

Здружението постои за да се за стапува за  правата на овие граѓани, кои се прекршувани во многубројни сегменти. ЗАЕДНО ПОСИЛНИ се води од визијата за општество во кое луѓето што живеат со ХИВ имаат достоинствен и исполнет живот, ослободени од стегите на стигмата и дискриминацијата, и во кое имаат непречен пристап до сеопфатна здравствена грижа, лекување и терапија во врска со ХИВ, како и во врска со други здравствени состојби, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.

Ние дејствуваме за зајакнување на луѓето што живеат со ХИВ како рамноправни членови на општеството, за почитување на нивното достоинство и за остварување на нивните здравствени и човекови права.

Во последните неколку години посебно се залагаме за обезбедување континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и се опфатен третман на ХИВ-инфекцијата и на состојби поврзани или не поврзани со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.

Како општеството ги прифаќа луѓето со ХИВ?

Честопати добиваме информации од нашите членови, луѓе со ХИВ, дека наидуваат на стигма и дискриминација во општеството,независно дали од страна на семејствата, партнерот/-ката, работно место или здравствена установа. Иако постојат силни индикации за присутна автостигма кај најголем дел од популацијата, сепак постоечкиот страв од споделување на ХИВ-статусот се чини опрвдан ако се земе превид зачестеноста на случаите на жигосување, дискриминација и прекршување на правата.

Едно позитивно изненадување за нас како организација беа резултатите од социјалниот експеримент што го спроведовме во рамки на овогодинешната кампања. Имено ги ставивме случајните минувачи во Градски Парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт  со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои „Јас сум ХИВ позитивен“. Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи напивки. Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?

На наше големо задоволство, учесниците во целост го поддржаа нашиот шанкер и го одбранија од нападите упатени од глумицата, потенцирајќи дека ХИВ не се пренесува така и апелирајќи против предрасуди. Видеото и реакциите на македонската јавност можете да ги погледнете на: https://www.youtube.com/watch?v=PsxkicWEGpw

Ова ни е еден индикатор дека во Македонија сепак има луѓе кои се информирани и кои ги почитуваат луѓето со ХИВ како рамноправни членови на општеството и ни е дополнителен поттик да продолжиме со добрата работа.

Како здружението им помага на засегнатите од вирусот?

Како здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ нудиме психотерапевтски групи за поддршка и правна поддршка во случај на дискриминација. Имаме тим на обучени советувачи кои обезбедуваат врсничко советување на ново дијагностицирани лица со ХИВ или на оние кои имаат потреба од совет и информации.
Оваа година активно сме вклучени во доброволно и доверливо ХИВ тестирање и советување. Исто така се застапуваме за пристап до квалитетен и современ третман на ХИВ, затоа што како што знаеме за ХИВ постои терапија која овозможува долг и квалитен живот.
По повод 1 Декември – Светскиот ден на СИДА секоја година спроведуваме кампања за подигнување на јавната свесност за ХИВ. Целта на кампањите е заеднички  да придонесеме за поголема свесностза ХИВ во македонската јавност. ХИВ инфекцијата денес претставува една хронична состојба која успешно се менаџира со помош на достапна терапија, се разбира, доколку на време се открие.

Во рамки на кампањата организираме и добротворен настан за собирање на средства кои се наменети за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ воМакедонија.

Поконкретно, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ ги пренасочува овие средства за покривање на итни здравствени потреби или за помош на лица со ХИВ кои живеат во неповолни социјални услови.Оваа година ЗАЕДНО ПОСИЛНИ започна и со прибирање на средства за поддршка на активностите на здружението, особено во делот на врсничка едукација на луѓе што живеат со ХИВ, застапување и подигање на јавната свесност.

Кои се следните активности/ проекти кои ги планирате?

Наредната година се фокусираме на обезбедување на одржливост на нашите програми затоа што Глобалниот фонд  заборба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија заминува од државата на крајот на 2016-та година. Исто така продолжуваме со активностите за зајакнување на капацитетите на луѓето со ХИВ, доброволно и доверливо ХИВ тестирање и советување и ги следиме процесите на набавка на терапија за ХИВ. Понатаму разработуваме идеја за социјално претпријатие. Целата е да отпочнеме со економска активност преку која би вработиле луѓе кои што живеат со ХИВ или се засегнати од ХИВ. За оваа идеја имаме поддршка од Град Скопје,но работиме да добиеме поширока поддршка за да ја реализираме оваа идеја.

Колку се застапени правата на лицата со ХИВ во Македонија?

Во 2014 година спроведовме истражување на потребите на луѓето што живеат со ХИВ во Македонија. Еден од заклучоците на истражувањето беше дека по повеќе од три децении од појавувањето на ХИВ во Македонија се уште ниту едно лице јавно не го споделува статус. Луѓето со ХИВ најчесто наидуваат на озборување, навредување, малтретирање или заканување како и на сексуално одбивање. Дури една четвртина од испитаниците имаат пријавено ситуација на одибвање на здравсвена услуга, а еднаква е зачестеноста и на откривање на ХИВ-статусот пред други луѓе без согласнот на самото лице. 23% од луѓето со ХИВ во Македонија се наоѓаат во тешка социоекономска сосотјба и неможат редовно да си обезбедат основна храна за дневните оброци. За жал луѓето со ХИВ ретко се охрабруваат да ги искористат постоечките механизми за заштита на нивните права, бидејќи стравуваат од дополнително обелоденување на статусот во текот на постапката.

Како оние кои сакаат да се приклучат во Вашите активности/ проекти можат да ве контактираат ?

Можат да не’ контактираат на 02 3129 200, на е-маил: association@strongertogether.mk или преку нашата Фејсбук страна.
Секако доколку некој сака да инвестира во нашите активности може да го направи тоа преку платформата за донирање – клик тука!

Следете ја Фан страната на Фејсбук на Да Научиме – клик тука!

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com