Не се двоумете и не барајте алтернативни, АUBG e најдобриот универзитет на Балканот

Не се двоумете и не барајте алтернативни, АUBG e најдобриот универзитет на Балканот

Aнтонио Здравески – студнет на Американскиот Универзитет во Бугарија

Не се двоумете и не барајте алтернативни, АUBG e најдобриот универзитет на Балканот

Благоевград иако е мал град, има доста студенти, што го прават овој град навистина посебен

1) Kaко дозна за Американскиот Универзитет во Бугарија? Што те мотивираше да аплицираш за таму?

За Американскиот Унверзитет во Бугарија, дознав сосема случајно. Тоа беше некаде отприлика крајот на третата година од средно училиште, каде што имавме волонтер од Мировниот Корпус од Америка како помошник на нашата професорка по англиски јазик. Јас во тоа време почнував веќе да размилсувам каде би го продолжил моето образование, а главна цел ми беше тоа да биде некаде низ Европа, или можеби Америка, знаејќи го фактот дека високото образование не ни е баш на завидно ниво во Македонија. И така после нашиот час ја прашав дали има некои препораки за американски универзитети каде би можел да го продолжам моето образование, и таа ми кажа за АUBG.

 2) Помина еден семестар на ELI, што е дел од Универзитот. Кажи ни нешто повеќе за целата програма?

ELI или English Language Institute, е јазичен институт кој се состои од 3 стапки, и тоа Стапка 1 за почетници, Стапка 2 за  средно знаење на англиски јазик, и Стапка 3 за напредно знаење на англиски јазик и подготовка за ТОЕFL. Јас бев во третата стапка затоа што не успеав да освојам доволно бодови на моето прво полагање на TOEFL.  Оваа стапка трае еден семестар каде што се учи напреден aнглиски јазик, каде што имаме 2 месеци учење на вокабулар и граматика, додека последниот месец е припрема за ТОЕFL, односно решавање на ТОЕFL примероци со цел да се навикнеме на концептот на тестот.

 

3) Како дел од подготвителната програма на Универзитет, ти имаш можност да живееш заедно со другите студенти и да бидеш дел од нивните активности и настани. Какво е твоето искуство со тоа?

Моето искуство во врска со живеењето и дружењето со останатите студенти додека бев во ЕLI беше непроценливо. На почетокот имав очекување дека сите ќе бидат ’бубалици’ и дека само ќе се учи и ништо друго. Но напротив, студентскиот живот е толку развиен, што во еден момент ми беше и неверојатно колку студентите знаат да се забавуваат и да го направат студенсткиот живот повесел и позабавен, додека во исто време универзитет ни ги дава сите услови за да го оствариме тоа. Моја препорака е без оглед на се да се запишат на овој универзитет, затоа што навистина вакво нешто ретко се гледа и доживува, а посебно на нашите простори, како во поглед на образование, така и во поглед на студентски живот, забави и слично.

 

 4) Каков беше твојот прв впечаток за Благоевград како студентски град?

Благоевград иако е мал град, има доста студенти, што го прават овој град навистина посебен. Исполнет е со еден куп кафулиња и дискотеки, каде што можеш да најдеш секаков вид на забава. Во исто време опколен е со прекрасни планини, го велам ова за оние со авантуристички дух, каде што има навистина што да се види и доживее, и исто така премногу паркови, како што и е еден од нив Бачиново. Чист воздух, гостопримлив народ, студенти насекаде, скратено во два зборOви: Студентски Рај.

 

5) Сега си прва година студент на АUBG. Дали си веќе дел од некои организации и инциијативи?

Да конечно стигнав да бидам и редовен студент, и дел од овај прекрасен универзитет. Кога станува збор за организации и иницијативи, јас веќе бев дел од некои додека учев во ЕLI, и се разбира сега сум дел во неколку. Членувам во повеќе клубови, како што еден од нив е DOC Клуб, кој што го води мојот добар пријател Бојан, кој воедно доаѓа од Прилеп исто така, и исто така учесник сум во повеќе спортски активности, како на пример Турнирот во Фудбал, кој што се одржува секој семестар.

 6) Кој е твојот совет за оние кои аплицираат на АUBG?

Мој совет е воопшто да не се двоумат и да не бараат алтернативи, затоа што ова е навистина најдоброто нешто кое го имаме на Балканот. Исто така  да седнат и да научат убаво за ТОЕFL, и да се обидат да го положат со солидни поени, иако планот Б, односно институтот не е воопшто лош избор за оние кои немале доволно среќа или знаење првиот пат. И како за крај, се надевам дека наскоро ќе имаме уште некој Македонец за дружба во ова прекрасно место.

Следи не’ на нашата Фан страна на Фејсбук – клик тука!

Share Button

Препорачани статии

Курс по конверзација – италијански јазик

Курс по конверзација – италијански јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Курс по конверзација – германски јазик

Курс по конверзација – германски јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Цена – 4500 денари за студенти и невработени лица!
Информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Повик за учество на работилница “Германскиот јазик, низ германскиот музика, кујна и филм”
Повик за учество на работилница ““Италијанскиот јазик, низ италијанската музика, кујна и филм”