Летен едукативен камп за средношколци на Американски Универзитет во Бугарија

Летен едукативен камп за средношколци на Американски Универзитет во Бугарија

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com, 071 638 997 или 077849321

Американскиот Универзитет во Бугарија секоја година организира летен камп за средношколци, на возраст од 14-18 години, во периодот од 26-ти јуни до 16-ти јули, кои имаат желба да поминат дел од своето лето во учење, забава и дружење со средношколци од различни европски земји. За време на Летниот камп средношколците можат да посетуваат 3 од следните курсеви:

– Бизнис;
– Новинарство;
– Компјутерски вештини;
– Драма;
– Креативно пишување;
– Лидерство;
– Кариерно насочување.

Секој  курс трае по една седмица ( 5 дена, три часа дневно). Слушателите однапред ги одбираат курсевите, според своите интереси. Секој слушател посетува 3 курсеви на Летниот камп. Учесниците се пријавуаат за посакуваните курсеви преку формуларот за регистрација.
Наставата се одржува на англиски јазик. Предавачите се нативни говорители на англискиот јазик. Учеснциите се вклучени во проекти, дискусии, дебати и размена на идеи во опуштена и неформална атмосфера во рамките на модерниот кампус на Американскиот Универзитет. Освен тоа што секој слушател ќе стекне знаење во посакуваната сфера, тие и ќе го усовршат знаењето на англискиот јазик.

Рекреативни активности

Послепладневните часови за уметност и различни вештини, готвење, фотографија се дел од активностите кои ќе бидат достапни на сите слушатели. Вечерите се наменети за различни активности како што се групни игри, презентации на проекти, диско забава, гледање на филмови. Пред пристигнувањето на кампусот учениците може да се подготват за следните активности:

Интернационална вечер – слушателите танцуваат на традиционални игри oд својата земја и пеат традиционални песни. Често се случува учениците да донесат и национална носија;
Вечер на таленти – станува збор за вечер во која учениците можат да го покажат својот талент, било да е пеење, свирење на некој инструмент, танцување или глумење. Учестовото е индивидулано.
На кампусот е овозможено да се игра кошарка, одбојка, фудбал, куглање, билјард, пливање итн..
За викендот се предвидени бесплатни екскурзии во околината на Благоевград.
Повеќе за рекреативните активности може да прочитате – клик тука. 

Сместување и исхрана

Сите ученици се сместени во Резиденцијата Скаптопара на кампусот на Американскиот Универзитет во Бугарија. Слушателите се сместени заедно со средношколци од други националности.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4-5 дена. Студените се сместени по двајца во соба.

Слушателите имаат појадок, ручек и вечера во главната зграда на АУБГ- кампусот.

Повеќе за сместувањето и исхраната – клик тука

Цена:

Цената на Летниот Едукативен камп е 799 евра со можност за плаќање на 3 месечни рати.

Во цената е вклучено:

-Превоз Скопје Благоевград -Скопје;
-Посета на три гореспоменати курсеви;
-Спортско – рекреативни активности;
-Патничко и здравствено осигурување;
-Бесплатни екскурзии во околина на Благоевград за време ;
-Сместување во современ студентски кампус на АUBG;
-Храна – полн пансион појадок, ручек и вечера;
-Дидактички материјал;
-Пристап до компјутерските простории;
-Бесплатен курс по англиски јазик во Скопје еден месец пред поаѓањето;
-Целосна организација на патувањето.

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com, 071 638 997 или 077849321

Пријавување најдоцна до 30.04.2016-та

.

Share Button

Препорачани статии

Подготвителни часови за полагање на државна матура по англиски, германски, македонски јазик и математика
Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Конкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија – месец април

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по англиски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com

Конкурс за доделување на 10 десет ваучери во вредност од 300 евра за летен јазичен курс по италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 5 ваучери за летен јазичен курс по германски јазик во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/ 638997 или danaucime@gmail.com