На АUBG ја сфатив вредноста на различностите, на учењето едни од други, на отвореноста кон промени

На АUBG ја сфатив вредноста на различностите, на учењето едни од други, на отвореноста кон промени

Mихаела Димовска – студент на Американскиот Универзитет во Бугарија

На АUBG ја сфатив вредноста на различностите, на учењето едни од други, на отвореноста кон промени

Да се биде член на клуб значи и да се биде одговорен, ангажиран за доброто на животот на кампус, а може да се остварат и многу професионални контакти

1) Kако дозна зошто се одлучи да го продолжиш твоето образование на Американскиот Универзитет во Бугарија?

За АUBG дознав случајно,  за време на разговор во Американското катче во Битола каде што се презентираа добри Американски универзитети блиску до дома. Откако беше спомнат веднаш побарав повеќе информации за него на интернет. Идејата за студирање на универзитет со сосема американски стил на учење во земја толку блиску до дома беше многу привлечна и одлучив да аплицирам. Откако ме примија и добив целосна стипендија немаше двоумење дека ќе се запишам на АУБГ. Стипендијата беше важен но не и не беше пресуден фактор. Зборувајќи со други студенти од Македонија кои учеа на АУБГ и со координаторката од Македонија, сфатив дека АУБГ има одличен оддел по математика и компјутерски науки, а од либералниот стил на учење се учат многу важни работи кои ја развиваат личноста.

2)  Кои професионали и лични карактеристики ги разви и подобри АUBG во минатите 4 години?

За време на овие години пораснав многу како личност и тоа го забележуваме јас и моите блиски. И повеќе ми се допаѓа оваа личност сега. На АУБГ ја сфатив вредноста на различностите, на учењето едни од други, на отвореноста кон промени. Не се плашам од предизвици- напротив, тие се добредојдени, зашто знам дека имам солидна основа и прекрасни пријатели од цел свет кои можат да ми помогнат. Исто така, научив поефективно да комуницирам.

3) Koи беа трите најзначајни предмети од твоето студирање на AUBG?

Курсот Persuasion- Техники на писмена и усна аргументација, ме научи на академско пишување. Важни се фактите, веродостојноста на фактите, и секој заклучок треба да е одлично поткрепен. Да пишуваш добро- аргументирано и убедливо на научна тема е една од најважните работи што ги научив тука.

Курсот по Анализа 1, кој  го даваше извонреден професор по математика, не само што ми даде јаки столбови во математиката, туку секој час имаше и нешто филозофско. А часот по филозофија пак ми помогна да сфатам дека е многу поважно како ги правиме работите отколку целта која ќе ја постигнеме со тие активности.

4) Од какви студентски организации беше дел? Раскажи ни за твоето искуство.

Од вториот семестер на АУБГ бев асистент по курсот Анализа 1. Тоа значи дека секоја недела држев туторијал на студентите кои тогаш го земаа курсот и ги прегледував домашните задачи на студентите. Тоа искуство беше предизвик за мене. Ме научи пред се’ дека треба многу да се работи. Понекогаш правев грешки и тоа ме научи дека не е страшно да си ги признаеме грешките и дека сепак, наредниот пат треба да пробам да се подобрам. Во наредните семестри бев асистент и по Линеарна Алегбра, Статистика, и Анализа 2.

Пријави се за Летен Едукативен камп на AUBG – клик тука!

Исто така бев активен член на Унијата на студенти по Компјутерски Науки (CSSU) од мојата втора година на АУБГ. Оваа година служев како претседател на Унијата. Тоа е прекрасен клуб во кој што ентузијасти студенти организираат многу настани од полето на информатиката и технологиите, комуницираат со професорите и со професионалци од индустријата за да се организираат корисни лекции со информации за тоа што е најново во светот на технологијата, и да се остварат професионални контакти.

Исто така бев и студент-советник на други студенти (Student Advisor). Тоа значи дека си поддршка на другите студенти за академски прашања и тоа е многу важно- да знаеш дека покрај поддршка од професионалци и професори, на факултетот има и студенти кои се многу лесно достапни и би ти помогнале околу академските одлуки.

Се’ на се’, од активностите надвор од часовите научив да бидам многу одговорна и дека е многу важно меѓусебно да си помагаме и поддржуваме. Тука искрено сакав да придонесам за животот на кампус и за студентите- како што други студенти придонесуваа за мојот живот на кампус да биде исполнет и интересен. Но и се сретнав со напредни работи од полето на информатиката и математиката, и сфатив дека работењето е уживање кога навистина го сакаш тоа што го правиш.

5) Kaко насоката Liberal Arts те подготви за напредокот на твојата академска кариера?

На многу начини-ми даде можност да земам напредни курсови од моите насоки на студирање, можност да се стекнам искуство за предавање, релевантноста на вон-часовните активности исто така многу придонесе за мојата апликација за пост-дипломски студии да изгледа убаво и богато. Можеби една од најважните работи беше поддршката од професорите и студентите. Имам извонредни професори кои ми напишаа прекрасни препораки и ме советуваа за изборот на местата за аплицирање. Исто така поддршката од колегите и алумните од АУБГ кои веќе се на пост-дипломски студии ми значеше многу. Моите колеги и алумни пријатели од АУБГ повеќе пати ја прегледаа мојата апликација и ми дадоа корисни совети.Од сето оваисходот е дека сум примена на 3 универзитети во САД со целосна финансиска поткрепа.

6) Koи се најважните особини што еден иден студент на AUBG треба да ги поседува?

Мислам дека љубопитноста и желбата за исполнет студентски живот се едни од најважните работи. АУБГ нуди многу можности и за учење и за забава и за вон-часовни активности кои комбинираат и учење и забава  Доколку идните студенти се желни за дознавање нови работи и за учество во различни активности- тогаш АУБГ е местото каде може да се научи многу и каде има активности во изобилство.

7) Што не треба да пропуштат студентите кои се дел од АUBG?

Пред се студентите треба да уживаат во часовите кои се навистина прекрасни, интересни, стимулираат мислење, и дискусија. Исто така би предложила дека треба да се дел барем од еден клуб зашто во студентските клубови се сретнуваат студенти со слични интереси и студентите учат многу едни од други. Да се биде член на клуб значи и да се биде одговорен, ангажиран за доброто на животот на кампус, а може да се остварат и многу професионални контакти.

Сакаш да бидеш дел од бесплатните работилници за Тимска работа и лидерски вештини? – клик тука!

Share Button

Препорачани статии

Распоред на часови за групи по англиски јазик – нивоа од А1.1 -Б1.2 – почеток 27.11

Распоред на часови за групи по англиски јазик – нивоа од А1.1 -Б1.2 – почеток 27.11

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за германски јазик – нивоа А1.1 – Б2.2 – почеток 27.11
Специјализиран курс по германски јазик за медицинари

Специјализиран курс по германски јазик за медицинари

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Конкурс за доделување на 4 ваучери во вредност од 200 евра за јазичен курс по италијански јазик во Верона, Италија
Конкурс за доделување на 6 ваучери за зимски јазичен курс во Берлин, Германија

Конкурс за доделување на 6 ваучери за зимски јазичен курс во Берлин, Германија

Дополнителни информации може да се добијат на 071/638997 или danaucime@gmail.com