Самата култура на AUBG диктира самостојност и независност на персонално ниво, но и претприемачки дух и тимска поврзаност

Самата култура на AUBG диктира самостојност и независност на персонално ниво, но и претприемачки дух и тимска поврзаност

Филип Алексовски – Radix Technologies

  1. Kaко Американскиот Универзитет во Бугарија ( понатаму АUBG) придонесе за Вашиот личен и професионален развој?

    Каде да се почне… Знаете, доколку би морал да одвојам период за кој би можел да кажам дека имал најголема и најважна улога за мојот личен развој, тогаш дефинитивно би рекол тие 4 години на АUBG дека заземаат прво место. Таму за прв пат научив што значи да се живее самостојно и независно од фамилијата. Кон ова помогна и секое лето поминато на работа во Америка за време на студиите, нешто кое беше овозможено од фактот што студирав на Американски акредитиран факултет. Самата култура на AUBG диктира самостојност и независност на персонално ниво, но во исто време и претприемачки дух како и тимска поврзаност на професионално ниво. Курикулумот е така дизајниран да се дава најголема важност на соработка, делење на знаење помеѓу колегите, и фактот дека најголемата сила на еден тим професионалци е нивната способност да се потпрат еден на друг во работата. Тие 4 години во една таква разновидна средина од млади луѓе од сите страни на светот те учат како да се издигнеш над своите претходно стекнати предрасуди и оформени стереотипи, и допринесуваат да се претвориш во една личност со космополитски поглед кон светот на начин на кој ретко кој друг факултет во регионот би ти овозможил.  И за крај, барем во мојот случај, неверојатно добро подготвените професори на ИТ отсекот, секој од нив со бројни публикации и издадени книги, беа едно многу силно формативно дејство за мене.

     Како го применувате знаењето добиено од AUBG во Вашата денешна професија?

  2. Знаењето од АУБГ го користам скоро секој ден на работа. Во почетокот на кариерата, тоа беа моите девелоперски знаења, здобиени од професори како Христозов, Караѓозов, Галетлии Бонев. Мислам дека со помош на нивното искуство, трпение и богато знаење, сите кои завршија на COS отсекот на АУБГ би можеле да речат дека од факултет излеговме много добро подготвени за работа во ИТ сферата. Тоа пак што ми остана од факултетските денови во АУБГ, а денес многу ми помага во секојдневното менаџирање на тимот професионалци во Радикс, е тимски ориентираниот работен дух, претприемачкиот став кон работата и способноста за работа со луѓе од различни културни, социјални, етнички и социјални позадини. Ова е нешто кое е непроценливо важно во денешниот ИТ свет, а АУБГ е место во кое на одличен начин бев инволвиран во средина од токму таков карактер.

      3. Кажете ни нешто повеќе за компанијата во која денес работите?

Radix Technologies е компанија која што е основана во 2006та во Швајцарија, а во Македонија е присутна од 2008 година. Иако на почеток главно Radix се бавеше со нудење на Cloud услуги, денес работиме и со Service Desk услуги, техничка поддршка на големи ЕRP системи и други апликации, како и создавање на наши сопствени апликации за потребите на нашите клиенти. Од само два вработени во 2006та, денес сме глобален доставувач на услуги со преку 60 вработени ширум светот, од кои што повеќе од половина се овде во нашата канцеларија во Скопје.

      4. Дали фирмата во која работите нуди можност за пракса на студентите од Македонија?

Инспирирани од капацитетот и потенцијалот кој што го поседуваат младите ИТ луѓе, Радикс во соработка со нашата партнер компанија itCrowd, го креираа Crowd Cloud Camp – програма за пракса, преку која студентите добиваат можност да го надградат и имплементираат нивното стекнато знаење преку работа на real time проекти, тренинзи за soft skills и часови за странски јазици. Концептот на самиот камп е создавање на различни “шатори” (.NET, Android, iOS, Java итн) кои што се водени од ментори сениори. Групите, односно шаторите, се сочинети од различен број на студенти, во зависност од потребата на проектот/клиентот. Овој камп трае од 6 месеци до 1 година, за на крај, доколку студентот покаже вистинска посветеност и мотивација кон проектот, да добие шанса за вработување.

       5. Што би им препорачале на идните апликанти на АUBG?

На идните апликанти би им рекол само дека го имаат направено најдобриот избор со тоа што аплицираат за студии на АUBG. Овој факултет нуди не само прво-класно образование, туку и единствено искуство на кое ке се сеќавате цел живот, така што ви посакувам само успех и не заборавајте, секогаш следете си ја страста во животот!

Следете ја фан страната на  Да Научиме!

 

Share Button

Препорачани статии

Курс по конверзација – италијански јазик

Курс по конверзација – италијански јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Курс по конверзација – германски јазик

Курс по конверзација – германски јазик

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Подготвителни часови за полагање на ТОЕFL Ibt испит – 50% попуст за студенти и невработени лица

Цена – 4500 денари за студенти и невработени лица!
Информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Повик за учество на работилница “Германскиот јазик, низ германскиот музика, кујна и филм”
Повик за учество на работилница ““Италијанскиот јазик, низ италијанската музика, кујна и филм”