Најубавите божиќни панаѓури

Најубавите божиќни панаѓури

Дали знаете кои се најубавите божиќни панаѓури?

1. Божиќен панаѓур Шварцвалд, Баден-Баден, Германија

Се наоѓа под импресивниот вијадукт во германскиот мистичен Шварцвалд, каде годишно привлекува по неколку илјадници посетители. Нуди единствена детска програма и тезги преполни со божиќни сувенири, па токму поради тоа е идеална празнична дестинација за сите семејства.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-02.jpg


2. Божиќен панаѓур на езерото Милстатер, Австрија

 

На оддалеченост од 1 час од австрискиот град Вилах, се наоѓа езерото Милстатер кое е прекрасно, живописно место високо на Алпите. Опкружено е со високи снежни планини, а малото гратче во близина за време на празниците се претвора во вистинска божиќна бајка со сладок мирис на топли пијалаци.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-03.jpg

3. Божиќен панаѓур на железничката станица во Цирих, Швајцарија

Еден од најнеобичните, но и најпознати панаѓури во светот, се одржува на магична локација – главната железничка станица во Цирих. Целата атмосфера е зачинета со над 150 божиќни тезги, а во централниот дел се наоѓа богато украсената новогодишна елка која секоја година мами илјадници љубопитни туристи.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-04.jpg


4. Божиќен панаѓур во пештерата Велвет, Холандија

 

Овој божиќен панаѓур е еден од најстарите подземни во Европа, кој се одржува во огромната Велвет пештера. Оваа необична пештера е препознатлива по капелата од 18 век, која со многубројните новогодишни украси создава единствена празнична атмосфера.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-05.jpg


5. Божиќен панаѓур во селото на Дедо Мраз, Рованиеми (Лапонија) во Финска

 

Селото на дедо мраз е отворено во текот на целата година и на посетителите им овозможува да уживаат во празничниот дух во било кој дел од годината. Во овој отворен музеј кој се протега на 400 метри квадратни, посетителите може да уживаат во сите божиќни традиции, додека децата имаат можност да ја посетат фабриката за детски играчки и да се сликаат со прекрасен Дедо Мраз.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-06.jpg

Share Button

Препорачани статии

Информативна сесија за студирање во Италија за додипломски и последипломски студии

Време и место – недела 26.04.2018-та, од 20:00 часот, Едукативен центар ” Да научиме”

Повик за учество на работилница ” Велигденски обичаи и традиции во Германија”
Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија

Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997!

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или информирај се на 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997