Конкурс за доделување на 10 (десет) ваучери во вредност од 300 евра за изучување на италијански јазик во Реџо ди Калабрија, Италија
Аплицирај за ваучер од 300 евра и помини еден месец во Италија за 899 евра или две седмици за 699 евра!
Eдукативниот центар “ Да Научиме” во соработка со Универзитетот “Данте Алигиери” од Реџо ди Калабрија доделува 10 ваучери за изучување на италијански јазик за еден месец или две седмици.
Teрмин: јули или август
Во рамките на Универзитетот “Dante Alighieri”, секоја година во текот на летниот период се организираат летни курсеви за оние кои сакаат да го научат италијанскиот јазик а воедно и да уживаат во прекрасните плажи на Јонско и Тиренско море. Часовите се одвиваат во претпладневните и попладневните термини во зависност од нивото на познавање на јазикот кое се одредува преку писмен и устен тест.
– За нивото А1 (почетно ниво) во текот на еден месец се опфатени 80 часови, со времетраење од 45 минути ( на седмично ниво 20 часови 10 часа граматика и 10 конверзација).
– Нивото А2 предвидува 104 часови, со времетраење од 45 минути ( на седмично ниво 26 часови,од кои 10 часа граматика, 8 часа конверзација и 8 часа лингвистички вежби).
– Нивото B1 предвидува 112 часови, со времетраење од 45 минути ( на седмично ниво, 28 часовиод кои 10 часа граматика, 10 часа конверзација, 4 часа аудиовизуелни часови ( филм, песни), 4 часа писмено изразување и 2 часа лингвистички вежби)
– Нивото B2 предвидува 120 часови, со времетраење од 45 минути ( на седмично ниво, 30 часовиод кои 10 часа граматика, 10 часа конверзација, 6 часа аудиовизуелни часови ( филм, песни), 4 часа писмено изразување и 4 часа лингвистички вежби)
-Нивото C1 предвидува 120 часови, со времетраење од 45 минути ( на седмично ниво, 30 часовиод кои 10 часа конверзација, 4 часа култура и цивилизација, 6 часа аудиовизуелни часови ( филм, песни), 4 часа писмено изразување ,4 часа лингвистички вежби, 4 часа италијанска литература и 4 часа италијанска уметност)
Часовите се оддржуваат во претпладневните и попладневните часови во зависност од нивото. Отуството од часовите повлекува забрана за полагање на завршен тест и добивање на диплома.
На ниво на Универзитет секоја година се доделуваат неколку стипендии за најдобрите ученици.
Во цената на сите курсеви вклучено:
- Превоз – авионски повратен билет;
- Трансфер од аеродром до апартман;
- Сместување во апартмани во близина на Универзитет;
- Курс по италијански јазик ( 100 -120 часови со времетрање од 45 минути. Бројот на часови зависи од нивото на изучување на јазикот. Часовите се од 09:00 -12:30 односно до 14:45)
- Приемен тест за одредување на ниво;
- Книги и дидактички материјал;
- Kартичка за попусти и поволности ( над 40 попусти во барови, ресторани, бесплатни лежалки на плажа)
- Бесплатна екскурзија на Сицилијa или во околината на Калабрија;
- Организирани бесплатни екскурзии во градот;
- Патничко и здравствено осигурување;
- Организација на патувањето;
- Подготвителен курс по италијански јазик во Скопје;
- 50 % попуст на сите јазични курсеви во ” Да Научиме”
Во цената не е вклучено:
1) Храна;
2) Екскурзии во околните градови и на Сицилија ( не се задолжителни);
3) Трошоци за струја ( 10 -20 евра)
Интензивен курс по италијански јазик во Скопје – клик тука!
Аплицирај за ваучер од 300 евра и помини еден месец во Италија за 899 евра или две седмици за 699 евра!
Цена: 1199 eвра (со ваучер 899 евра) – eден месец
999 евра (со ваучер 699 евра) – две седмици
Аплицирај на danaucime@gmail.com или информирај се на 071/638997.
Aплицирај најдоцна до 20.04.2018-та година
Следи не’ на нашите Фејсбук страни Да Научиме и Убавините на Италија
Препорачани статии
Информативна сесија за студирање во Италија за додипломски и последипломски студии
Време и место – недела 26.04.2018-та, од 20:00 часот, Едукативен центар ” Да научиме”

Повик за учество на работилница ” Велигденски обичаи и традиции во Германија”
Пријавување на danaucimе@gmail.com или на 071/638997

Koнкурс за доделување на една стипендија во вредност од 80% за изучување на италијански јазик во Камерино, Италија
Заинтересираните кандидати за добивање на стипендија, можат да се информираат и да закажат информативна средба на danaucime@gmail.com или да не’ контактираат на телефонскиот број 071/638997!

Конкурс за доделување на 10 ваучери во вредност од 300 евра за летна јазична програма за изучување на шпански јазик во Малага
Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или информирај се на 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 26.03
Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997