Како скопските населби и маала ги добиле своите имиња?

Како скопските населби и маала ги добиле своите имиња?

Дали некогаш сте се запрашале како Драчево, Чаир, Аеродром или познатите скопски маала како Дебар Маало ги добиле своите имиња? Прочитајте го текстот и дознајте за потеклото на имињата на некои од нив

Aeродром

Населбата го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.

Чаир

Денешната Општина Чаир името го добила од Турците, и потекнува од турскиот збор çair што на турски значи ливада. Кога Турците Османлии го зазеле Скопје, голем дел од нив се населиле на левиот брег на реката Вардар. Овој дел од градот бил послабо населен, па затоа Турците тука ги подигнале своите домови. Територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и била ливада, па од таму новото маало кое почнале да го населуваат Турците го нарекле ливада (Çayır’).

Драчево

Точното значење на името Драчево во нашата наука се уште не е утврдено. Сепак постојат две главни теории за потеклото на името Драчево. Првата теорија смета дека во основата на името Драчево може да се наоѓа личното име Драче кое претставува деминутивно образување изведено од антропонимот Драгољуб, Драгомир, Драгослав. Втората теорија за потеклото на името се поврзува со растението што се вика драч или драча (драка) (лат. Paliurus aculeatus) и има значење на „место каде што има драч“. Драчот бил име за сите бодликави грмушки, а до ден денес за изгребување или бодење се користат глаголите „дречи“, „драскање“. Втората теорија, дека името на Драчево означува место каде што има трнливи и бодликави грмушки.

Тафталиџе

Населбата Тафталиџе името го добива од турскиот збор тахталиџе, што во превод значи маало со дрвени куќи. Ова име го добива бидејќи долго време просторот на денешната населбата Тафталиџе била една голема ливада и имало само по некоја дрвена куќа. Откако Турците го зазеле Скопје, земјиштето на денешно Тафталиџе било во сопственост на едно од најпознатите и најугледни турски семејства Хаџи Гали-бегови.

Летна јазична програма во Берлин, Германија – клик тука

Капиштец

Името на Капиштец е поврзано со потокот кој течел низ него и Водно, па се претпоставува дека поради водите кои вечно капеле на ова место, месноста го добила името Капиштец, а подоцна тоа име било дадено на денешната населба.

Дебар Маало

Маалото настанало од прогонети Македонци од делови на Западна Македонија кои со сила биле раселени и своето ново место на живеење го нарекле според името на етнографскиот предел од каде што дошле.

Местото каде што било лоцирано ова маало било едно од поновите предградија на Скопје. Пред тоа, на ова место постоеле градини и ниви. Првите куќи биле подигнати во 1920 година од страната на Браќата Петар и Андреја Митровиќ и од Јован Поповиќ. Тие потекнувале од Голо Брдо, Дебарско, регион што по 1918 година припаднал на соседна Албанија. Спомнатите дебарчани во 1919 година се населиле во Скопје, каде што купиле плацеви и изградиле куќи на просторот на некогашното Дебар маало.

Ѓорче Петров

Населбата многу пати го има менувано своето име. Во времето на турското ропство на дел од подрачјето на денешната населба се наоѓало селото Оризари (постело некаде до 1960/65 година), а со доаѓањето на Србите по 1913 година населбата го добила името Анриево (по фрнацускиот генерал Анри), со окупацијата од страна на Бугарите населбата го добила името Жостово (по името на бугарскиот генерал од Пиринска Македонија – Константин Жостов) за по ослободувањето 1944/45 година населението на населбата едногласно (100%) да го даде денешното име спoред Македонскиот револуционер и великан Ѓорче Петров.

Учете странски јазици во Едукативен центар ” Да научимe”! Интензивни курсеви по странски јазици  – клик тука!

Даме Груев (Ге-Ге)

Даме Груев претставува скопска населба која се наоѓа на територијата на општината Ѓорче Петров. Исто така овој дел од Скопје се препознава како населба Ге-Ге. До осумдесетите години ова место било ретко населено и било познато како „Гола Гузица“ (Ге-Ге).

Влае

Името на населбата доаѓа од Власи, иако според кажувањата на постарите жители на поранешното село Влае, тука Власи никогаш не ни живееле. Според традиционалните преданија кои сѐ уште можат да се слушнат од овие луѓе, старите влаевчани се доселиле од селото Горно Нерези на падините на Водно.

Автокоманда

Самото име Автокоманда е во тесна врска со настанокот на населбата. Имено, по завршетокот на Првата Светска војна, војската на Кралството СХС проценила дека овој простор е погоден за стационирање на транспортни единици и на еден дел од денешната населба гради транспортна база. По завршетокот на Втората Светска Војна во текот на 1940-тите и 1950-тите години, војската на СФРЈ ја дислоцира оваа база. По завршетокот на граѓанската војна во Грција, во Автокоманда им се дава прибежиште на Македонците кои биваат протерани од своите дотогашни домови во Грција. Во населбата Автокоманда масовно се доселуваат протераните со цели семејства. Сосема природно, големиот број новодоселени жители се дочекани студено од староседелците во населбата, и се јавува ривалитет кој трае се`до времето на Скопскиот земјотрес. По земјотресот, се гради низ целиот град. Автокоманда го добива сегашниот изглед: изградени се таканаречените Железарски згради во северниот дел на населбата, четирите жолти станбени кули покрај булеварот Александар Македонски, исти такви три кули позади бензинската пумпа, таканаречената Руска зграда кај пазарчето (изградена од владата на тогашен СССР), спортската сала, а во залезот на 1970-тите години е изградена и Воената Кула, наменета за офицерите на ЈНА, воени пензионери и цивили во служба на ЈНА.

 

 

Следете не’ на нашата фан страна на Фејсбук!

Share Button

Препорачани статии

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Слушателите ќе имаат можност да научат многу интересни приказни за Божиќ во Италија и ќе имаат можност да дегустирате традиционални италијански божиќни слатки

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе