Лела, мандарините поскапеа, а  ти си ми уште скарана“

Лела, мандарините поскапеа, а ти си ми уште скарана“

Овој графит е урбана скопска приказна и речиси и да нема некој во Скопје кој не го видел или барем не слушнал за него преку муабети од другите.

Сигурно се сеќавате на легендарниот скопски графит: „ Лела, мандарините поскапеа, а  ти си ми уште скарана“,  кој стои на една зграда кај основното училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци“. Овој графит е урбана скопска приказна и речиси и да нема некој во Скопје кој не го видел или барем не слушнал  за него преку муабети од другите.

Конкурс за доделување на 10 ваучери за летен интензивен курс по шпански јазик во Барселона – клик тука!

Која е Лела, со кого се скарала и зошто? Поминаа години, мандарините поскапеа уште многу пати, а графитот си стои на  истото место и сѐ уште создава љубопитство и мистерија меѓу случајните минувачи. Кружеа повеќе верзии за приказната за Лела, меѓу кои најверојатна изгледаше онаа дека графитот го напишал некој дечко на кого Лела му раскинала.

Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте на попуст со Еду Картичка. Следете нѐ на нашата фан страна на Фејсбук!

Но, приказната е сосема друга. Главните актери се Лела, Вале и Пепи. Лела е симпатична девојка која живее во зградата каде е напишан графитот, а Вале е нејзината другарка. Лела и Вале се скаруваат и тука на сцената стапува Пепи, заеднички пријател на Лела и Вале кој решава да ја опраи ситуацијата. Па така, „Лела мандарините поскапеа, а ти уште си ми скарана“ е всушност пријателски гест на Пепи, кој го пишува графитот во име на Вале. Мисијата завршила успешно, Лела и Вале се смирија и сѐ уште се другарки, Лела уште живее во зградата, графитот уште си стои како сведок за едно време и една приказна.

Учете странски јазици во Јазичен центар ” Да научиме”

 

Share Button

Препорачани статии

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997