Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Подготвителни часови за полагањe на IELTS (International English Language Testing System)

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Тестот  (IELTS), односно Меѓународниот систем за тестирање по англиски јазик (International English Language Testing System), е водечки тест во светот за тестирање на познавањето на англискиот јазик.

Тестот IELTS е создаден од водечки светски експерти за оценување на познавањето на англискиот јазик. Тестот ужива голем углед на меѓународно ниво, а го признаваат повеќе од 7,000 органзации ширум светот. Тестот IELTS постои во две верзии академска верзија на IELTS и општа верзија на IELTS.

IELTS длабински ги оценува сите ваши вештини на англиски јазик – читање, пишување, слушање и зборување, и е осмислен на тој начин да покаже како ќе се служите со англискиот јазик за време на студиите или на работното место.

Деловите слушање и зборување се исти за двете верзии на тестот, додека читањето и пишувањето се разликуваат. Сите делови се полагаат во ист ден, а резултатите се добиваат на 13-от ден од денот на полагање. На тестот не можете да паднете. IELTS е осмислен на тој начин да може да ги оцени вештините по англиски јазик на сите нивоа. Оценката за секоја од четирите вештини се заснова на бодовна скала од 1-9, како и општа оценка за нивото.

За секој дел од тестот оценката за нивото може да биде цел број (на пр. 5.0, 6.0, 7.0) или цел број и половина (на пр. 5.5, 6.5, 7.5).

Програма:

Предвидени се 16 часа, секој со времетраење по 60 минути, односно по 4 часа за секој модул на IELTS. Предвидени се 2 ( 3) часа во текот на една седмица. На крајот на курсот, предвидена е симулација на IELTS тест.  За време на часовите менторот е должен да:

  • Преку зададени вежби ( усни и писмени) ги запознава и подготвува слушателите за испитот IELTS;
  • Oбезбеди дидактички материјал за одвивање на час;
  • Посвети дел од часот за интерактивни вежби и работа во групи;
  • Посветува време на секој слушател посебно;
  • Изврши писмена евалуација на работата на секој слушател;
  • Води евиденција за пристуство/отсуство на секој слушател.

Цена: 4399 денари, со можност за плаќање на 2 месечни рати.

Во цената за подготвителните часови е вклучено:

-16 часа подготовка за испитот IELTS;

-дидактички материјал;

-симулација на IELTS тест;

Минимален број на слушатели – 5

Дополнителни информации може да се добијат на danaucime@gmail.com или 071/638997

Пријави се на следниот линк – клик тука!

Пријавување најдоцна до 21.05!

Почеток на курс -22.05!

Share Button

Препорачани статии

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе