Ибица – престолнина на добрата забава

Ибица – престолнина на добрата забава

Кога станува збор за летувањето, многумина како совршен одмор го посочуваат толку патувањето на Ибица, а тоа и не треба да зачудува, ако се има во предвид фактот за убавината на овој шпански остров.

Кога станува збор за летувањето, многумина како совршен одмор го посочуваат толку патувањето на Ибица, а тоа и не треба повеќе

Кога станува збор за летувањето, многумина како совршен одмор го посочуваат толку патувањето на Ибица, а тоа и не треба да зачудува, ако се има во предвид фактот за убавината на овој шпански остров.
 
Со своето природно и историско богатство, совршено надополнето со златни плажи и топли медитерански води, не е ни чудо што Ибица важи за најдобрата дестинација за летување.


APCCDT Harbour, Dalt Vila, Eivissa, Ibiza, Balearic Islands, Spain

Многумина ќе се согласат дека постои нешто единствено што го прави овој остров толку посебен. Природната убавина која што се претопува во убавината на традиционалната шпанска архитектура, како и имиџот на светски позната локација за добра забава и ноќен живот, на Ибица и даваат аура на мит, нешто што не може да се опише со зборови туку единствено треба да се доживее.
Островот е долг 45 километри, а неговата ширина изнесува 25 километри, па тоа значи на Ибица има доволно нешта за да се истражат, а особено предизвикувачки се пределите во северниот дел од островот, каде што се сместени селските населби кои што нудат можност за уживање во руралната шпанска сценографија и огромните полиња со засадени маслинки, смокви и бадеми.
Брегот се состои од 80 прекрасни плажи кои што сечие летување ќе го направат незаборавно. Топлата медитеранска клима, проследена со освежувачкиот морски ветар, ја прават Ибица место совршено за летување и одмор, каде што преку ден туристите уживаат во опуштањето помеѓу природата, а во текот на ноќта забораваат на секојдневието во некој од познатите и популарни ноќни клубови.


ibiza-let-dva-25 ibiza-let-dva-26
Репутацијата на Ибица како антички главен град на туризмот ја инспирирала и индустријата на ресторани и и ја дала потребната креативност, нешто што на крајот резултирало со богата понуда.
Тука, влијанието на светската кујна не можело да им направи ништо на старите шпански ресторани на Ибица, каде што локалните рецепти се послужуваат во идилично опкружување.
Кога станува збор за ноќниот живот, веројатно и малите деца веќе слушнале дека Ибица е симбол на најдобрата летна забава во светот. На островот се сместени дел од најпознатите ноќни клубови во светот и истите се како втор дом на најголемите диџеј ѕвезди од светот. Токму затоа и не е за чудење што овој остров често се нарекува и островот на забавата.
Share Button

Препорачани статии

Италијански јазик – јазикот на шармерите

Италијански јазик – јазикот на шармерите

За многу луѓе, најтешкиот чекор при учењето на нов јазик е всушност самото одбирање на јазикот кој сакаат да го повеќе

Рајот на азурната обала – Брегот Амалфи

Рајот на азурната обала – Брегот Амалфи

Брегот Амалфи е сместен јужно од Наполи во заливот Салерно во Тиренското Море. Се вели дека кој ќе го посети ова магично место сигурно ќе се врати повторно заради прекрасниот спој на спокојство, убавина историја и гламурповеќе »
Ибица – престолнина на добрата забава

Ибица – престолнина на добрата забава

Кога станува збор за летувањето, многумина како совршен одмор го посочуваат толку патувањето на Ибица, а тоа и не треба да зачудува, ако се има во предвид фактот за убавината на овој шпански остров.повеќе »
Kaко се прославува Нова Година ширум светот

Kaко се прославува Нова Година ширум светот

Aјде да видиме како слават некои земји и народи

Рецепт за божиќни медени колачиња