Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Алгарве е најјужниот регион во Португалија, со сончеви денови во текот на целата година. На површина од 5,400км2 се крие ,,најпознатата повеќе

Алгарве е најјужниот регион во Португалија, со сончеви денови во текот на целата година.

travelfinderss-580x238

На површина од 5,400км2 се крие ,,најпознатата тајна на Европа”, како љубат да го наречат светските патници овој живописен крај, со популација од околу 450 илјади жители, и близу 10 милиони туристи кои го посетуваат секоја година. Почнувајќи од административниот центар Фаро, oмилената летна дестинација Албуфеира, преубавите Лагос и Алвор, но и сите останати помали градови и селца – секое место е специфично во својата убавина и различно во приказот на португалскиот дух и традиција.

521706_485446508175455_1500248696_n

Автентичната архитектура, историските локалитети, занаетчиските работилници и сликовитите пејсажи, во комбинација со разновидната понуда на забавни содржини и луксузни одморалишта, оставаат секому избор за начинот на кој ќе ја доживее магијата на Алгарве. Во локалната архитектура се видливи трагите од маварското присуство, а во внатрешноста може да се пронајдат  необичните села, се уште недопрени од туристите, длабоко затскриени зад боровите шуми.

Плажите, пак,  варираат од осамени заливи со преубави карпести гребени и пештери, до широки плажи со златни песоци долж брегот на Атлантскиот Океан. Насадите со портокали, лимони, калинки и смокви, расцветаните бадемови дрвја и мноштвото диви цвеќиња на оваа плодна покраина и даваат уникатна палета бои, кои се во совршен контраст со белината на традиционалните куќи.

559390_487819517938154_1197282007_n

Пријатната клима е идеална за водени спортови и дружба со делфините, но и за многу други спортски активности, особено голф, со преубавите зелени терени на брегот, по кои е препознатлив Алгарве во светски рамки. Возбудлив е и ноќниот живот, со елегантните барови, клубови и марини, но и одличните ресторани во кои може да се дегустираат локалните рибни специјалитети. За љубителите на Португалија и трагачите по нови авантури, Алгарве е идеално место за уживање во безбројните можности под секогаш сончевиот хоризонт.

Share Button

Препорачани статии

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Историја, уметност, ноќен живот, релаксација во природата – сето ова можете да го пронајдете во Берлин, најголемиот град во Германија и повеќе

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Алгарве е најјужниот регион во Португалија, со сончеви денови во текот на целата година. На површина од 5,400км2 се крие ,,најпознатата повеќе

Италијански јазик – јазикот на шармерите

Италијански јазик – јазикот на шармерите

За многу луѓе, најтешкиот чекор при учењето на нов јазик е всушност самото одбирање на јазикот кој сакаат да го повеќе

Рајот на азурната обала – Брегот Амалфи

Рајот на азурната обала – Брегот Амалфи

Брегот Амалфи е сместен јужно од Наполи во заливот Салерно во Тиренското Море. Се вели дека кој ќе го посети ова магично место сигурно ќе се врати повторно заради прекрасниот спој на спокојство, убавина историја и гламурповеќе »
Ибица – престолнина на добрата забава

Ибица – престолнина на добрата забава

Кога станува збор за летувањето, многумина како совршен одмор го посочуваат толку патувањето на Ибица, а тоа и не треба да зачудува, ако се има во предвид фактот за убавината на овој шпански остров.повеќе »