Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Историја, уметност, ноќен живот, релаксација во природата – сето ова можете да го пронајдете во Берлин, најголемиот град во Германија и повеќе

Историја, уметност, ноќен живот, релаксација во природата – сето ова можете да го пронајдете во Берлин, најголемиот град во Германија и втор град по големина во ЕУ, после Лондон. Освен тоа ќе уживате во истражувањето на разновидните катчиња на овој феноменален град во кој морате да останете најмалку недела дена како би доживееле барем мал дел од Берлинскиот жив дух.

Градот се наоѓа на реките Шпреј и Хафел, еден е од најмладите европски градови и основан е во 12 век. Се претпоставува дека името Берлин потекнува од полапскиот збор за мочуриште. Градот бил составен од две населби Берлин и Келн, на двете страни од реката.

Фактот дека 1945. Година Берлин бил потполно урнат град, а да денес е еден од најубавите главни градови, доволно кажува за упорноста на Германците да изградат модерен живот врз темелите на минатото.

Од 1949 до 1990. бил поделен на Источен и Западен Берлин, а остатоците од тие поделби видливи се и денес, посебно во архитектурата на источниот и западниот дел од градот, кои ги отсликува разликите и начинот на живеењето на жителите на поделениот град во времето после Втората светска војна.

Берлин нуди разновидни можности за пазарење во шопинг центрите, стоковни куќи, помали продавници и ексклузивни бутици. Во германската метропола доаѓаат љубителите на ексклузивните робни марки, ловци на попустите и евтина роба и трендсетери.

berlin-3051937_1280-min

ОКОЛУ 1500 МАНИФЕСТАЦИИ СЕКОЈ ДЕН!

Распонот на понудите е голем и досегнува од античката уметност на старите мајстори, современото сликарство или авангарден дизајн, преку класични опери, мјузикли или поп концерти до софистицирани театарски претстави, а за независни сценски понуди да не зборуваме. Во културната понуда на календарот за манифестации на градот Берлин секој може да пронајде нешто за свој вкус и по цена која му одговара.

Berlin_MobileThumbnail_720x500

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!

Бранденбуршката вратаРајхстаг (сојузни парламент ) и споменикот Зигезојле се најпознатите симболи на Берлин и градбите кои се познати во целиот свет. Симбол на Берлин е и Берлинската мечка (Berliner Bär).

Задолжително посетете го Музејскиот остров, кој е прогласен за дел од светската културна заоставштина  од страна на УНЕСКО. Прекрасни музејски зданија ги презентираат разновидната блага на светската заоставштина.

Берлинската телевизиска кула, висок е 368 метри изграден е 1969. година во близина на Александерплаце. Од неговата платформа за набљудување со висина од 204 метри, може да се види цел град.

 

Во центарот на Берлин се наоѓа комплекс на централниот спомен-парк во Германија посветен на жртвите на Холокауст кој е дополнет и со музејски дел.

Спомениците на УНЕСКО во Берлин се и дворците и парковите, како и станбените населби. Во најзначајните знаменитости на градот се вбројува и барокниот замок и парк Шарлотенбург.

berlin-city-molecule-man

Берлинската катедрала е раскошно здание каде што задолжително треба да се видат Царските скали и гробницата на Хоенцолера.

Во историскиот дел на Берлин се наоѓа и најубавиот плоштад, Жандарменмаркт, неговото име потекнува од гарнизонот на жандармеријата која тука била стационирана во 18. век.

Берлинската Зоолошка градина е најстарата Зоолошка градина во Германија и најбогата е по бројот на животните во светот.

Постдамскиот плоштад е посебно атрактивен за туристите. Тука се наоѓаат многубројни ресторани, кина,  хотели, дуќани.

Доколку се заљубивте исто толку колку и ние во Берлин тогаш посетете го!

Share Button

Препорачани статии

Љубљана – мала шеќерна приказна

Љубљана – мала шеќерна приказна

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои повеќе

Истанбул – место каде Европа и Азија си подаваат рака

Истанбул – место каде Европа и Азија си подаваат рака

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и повеќе

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Историја, уметност, ноќен живот, релаксација во природата – сето ова можете да го пронајдете во Берлин, најголемиот град во Германија и повеќе

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Алгарве е најјужниот регион во Португалија, со сончеви денови во текот на целата година. На површина од 5,400км2 се крие ,,најпознатата повеќе

Италијански јазик – јазикот на шармерите

Италијански јазик – јазикот на шармерите

За многу луѓе, најтешкиот чекор при учењето на нов јазик е всушност самото одбирање на јазикот кој сакаат да го повеќе