Астрономскиот часовник во Прага

Астрономскиот часовник во Прага

Една од најголемите туристички атракции во Прага е токму астрономскиот часовник Орлој, кој што се наоѓа во рамките на старата повеќе

Една од најголемите туристички атракции во Прага е токму астрономскиот часовник Орлој, кој што се наоѓа во рамките на старата зграда на градското собрание, на главниот плоштад во стариот дел од Прага. Неговата специфичност се состои во тоа што тој ги мери часовите, деновите, месеците, месечевите мени, па дури и хороскопот, а неодамна тој го прослави и својот 605-ти роденден.
 
На секој полн час, од осум наутро до осум навечер, астрономскиот часовник во Прага, Орлој, отчукува точно време, а за таа пригода се отвораат прозорчиња низ кои што се гледаат фигурите на Светските апостоли, но и други статуи кои што ги претставуваат оние работи од кои што најмногу се плашеле луѓето во Прага (Скржавецот, Суетата, Смртта, Турчинот).Prague-Astronomical-Clock-2
 
Всушност, се работи за вистинска куклена претстава која што собира стотици и илјадници луѓе на главниот плошта во Прага. Токму во моментите кога се одбележува секој полн час, овој чудесен механизам како да оживува.
 
Астрономскиот часовник (Pražský orloj) е најстариот таков часовник кој што е се уште во функција. Тој е воедно и најстариот и најгенијален елемент на овој часовник.
 
Постојат повеќе легенди кои што се поврзани со астрономскиот часовник во Прага. Според една од нив, часовникот го конструирал извесен Мајстор Хануш, а неговото ремек-дело било толку извонредно што градските власти се плашеле дека тој ќе направи такви часовници и на други места, а со тоа ќе ја украде славата на Прага. И наводно, за да го спречат во тоа, тие најмиле некој човек за да го нападне и ослепи Мајстор Хануш. Сепак, Хануш бил вистинска личност, тој бил часовничар во Прага. Многу години експертите верувале дека токму тој го направил астрономскиот часовник, меѓутоа, неодамнешните истражувања покажуваат дека уште во 1410-тата година часовникот го конструирал Микулаш од Кадањ. Мајстор Хануш го реконструирал часовникот во 1490-тата година.
prague
Овој часовник всушност се состои од три дела – механички дел кој што ги придвижува споменатите фигури, астрономски бројчаник кој што ја прикажува позицијата на Сонцето и Месечината, хороскоп и централноевропската временска зона, а тука е и календарот со медалјони кои што ги одбележуваат месеците во годината.
 
Орлој е исклучително специфичен бидејќи го покажува старото германско време со римски броеви, старото чешко време со златни броеви и астрономското време на календарски бројчаник, но е и единствениот светски часовник кој што го прикажува вавилонското време во кое што деновите траат од изгрејсонце до зајдисонце.
 
Локалната легенда вели дека ако часовникот се запостави, Прага ќе ја снајде голема несреќа.
Share Button

Препорачани статии

Астрономскиот часовник во Прага

Астрономскиот часовник во Прага

Една од најголемите туристички атракции во Прага е токму астрономскиот часовник Орлој, кој што се наоѓа во рамките на старата повеќе

Љубљана – мала шеќерна приказна

Љубљана – мала шеќерна приказна

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои повеќе

Истанбул – место каде Европа и Азија си подаваат рака

Истанбул – место каде Европа и Азија си подаваат рака

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и повеќе

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Берлин – град каде што се спојуваат минатото и иднината

Историја, уметност, ноќен живот, релаксација во природата – сето ова можете да го пронајдете во Берлин, најголемиот град во Германија и повеќе

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Тајна под сонцето – Алгарве, Португалија

Алгарве е најјужниот регион во Португалија, со сончеви денови во текот на целата година. На површина од 5,400км2 се крие ,,најпознатата повеќе