Сицилија – ако ја видите, сте го виделе целиот свет!

Сицилија – ако ја видите, сте го виделе целиот свет!

Легендата вели, дека на шестиот ден, кога Бог завршувал со создавањето на Земјата, воодушевен од убавината на делото кое го повеќе

Легендата вели, дека на шестиот ден, кога Бог завршувал со создавањето на Земјата, воодушевен од убавината на делото кое го создал, го зел светот в раце и го бакнал. Местото кое го допрел со своите усни, била Сицилија.

Со површина од 25.708 km2  е најголемиот медитерански остров, распослан на самиот врв од италијанската ,,чизма’’, во средината на Средоземното Море, 160 км оддалечен од Тунис, и со излез на уште две мориња, Јонското и Тиренското.
8799-e1402672839515
Доколку првата асоцијација при спомнувањето на нејзиното име ви е дека тука ќе бидете пречекани од членoвите на Cosa Nostra, озогласената сицилијанска мафија, реалноста говори нешто сосема поинакво. Како ретко каде, во Сицилија туристите наидуваат срдечен и топол дочек од гостопримливите домаќини, со несекојдневно пријатен и пријателски третман во текот на целиот одмор. Италијаните за неа велат дека е ,,повеќе од остров’’ и ,,’’, и не лажат. На едно место оваа космополитска дестинација ги спојува културите на Азија, Европа и Африка,  оживувајќи ги со изобилството древни историски споменици, антички храмови, амфитеатри, средновековни катедрали и палати.


9787Низ бурната историја долга повеќе од три милениуми, на ова тло стапнале мноштво освојувачи, меѓу кои и Грците, Римјаните, Арапите, Норманите, Феничаните…Сите оставиле свои траги врз архитектурата и фолклорот, претворајќи ја, денес автономната италијанска регија, во вистинска градина на културите и лулка на историјата.
Кога на богатото културно наследство ќе се додадат раскошната природа и живописните пејсажи, убавите градови и  мистичните села со рустикален амбиент, тиркизно синото море со кристално чиста вода и песочните плажи, јасно е дека со својата понуда може да ги задоволи вкусовите дури и најпребирливите. 6542
Главниот град Палермо нуди незаборавна прошетка низ модерната и древната архитектура, Таормина води на историско патување низ тајните на антиката, а Џардини Наксос ги открива благодетите на добрата забава и одморот од соништата.
Од обиколката не смее да се изостават ни Сиракуза, Агриџенто и Месина, но и останатите околни автентични градови и помалите острови со рајски плажи.
За трагачите по возбуди, пак, на местото каде стрмните планински карпи се капат во морето, извишен е најпознатиот и единствен жив вулкан во Европа – Етна,  на висина од  3.340 метри, со стотици изгасени и активни кратери. На патот низ Сицилија, не може, а да не се посети некој од локалните ресторани, со богата трпеза од вкусни рибни деликатеси, паста со сардини, традиционална сицилијанска пица, слатки со бадеми и мед, како и шише квалитетно домашно вино.
Инспириран од величенственоста на медитеранската убавица, познатиот писател Гете ќе рече: ,, да ја видите Италија без да ја видите Сицилија, значи дека не сте ја виделе Италија, бидејќи Сицилија е клучот на сè. ’’

Share Button

Препорачани статии

Сицилија – ако ја видите, сте го виделе целиот свет!

Сицилија – ако ја видите, сте го виделе целиот свет!

Легендата вели, дека на шестиот ден, кога Бог завршувал со создавањето на Земјата, воодушевен од убавината на делото кое го повеќе

Црквата Sagrada familia (Светото Семејство)

Црквата Sagrada familia (Светото Семејство)

Најпозната црква во Барселона се гради веќе 135 години. Можеби најдоброто дело на познатиот архитект Антони Гауди поминало низ сè, повеќе

Астрономскиот часовник во Прага

Астрономскиот часовник во Прага

Една од најголемите туристички атракции во Прага е токму астрономскиот часовник Орлој, кој што се наоѓа во рамките на старата повеќе

Љубљана – мала шеќерна приказна

Љубљана – мала шеќерна приказна

Љубљана е град од бајките. Често споредуван со Прага, тој е градот од вашите детски фантазии. Иако нема принцови кои повеќе

Истанбул – место каде Европа и Азија си подаваат рака

Истанбул – место каде Европа и Азија си подаваат рака

Истанбул! Местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и повеќе