Необично место во Македонија

Необично место во Македонија

Дали до сега сте слушнале за Дихово? Македонско село кое се наоѓа во околината на Битола, под падините на Баба планина, на десната страна од реката Драгор. На само 50 метри над Битола, нуди прекрасен поглед на градот, Пелистер и цела Пелагонија.

Во Дихово била отворена првата текстилна фабрика на Балканот. Денес Дихово има од прилика 300 жители и околу 150 стари куќи, хотел, две кафеани и голема живинарска фарма „Црвени петли“. Сега сигурно се прашувате што е толку посебно ова село, па да пишуваме за него. Село Дихово е месте каде не постојат цени.

Едуцирајте се со Еду Магазин, купувајте на попуст со Еду Картичка. Следете нѐ на нашата фан страна на Фејсбук!

Специфично за село Дихово е тоа што од страна на една фамилија, се развива селскиот туризам на еден поинаков начин. Овде не ви наплаќаат, туку сами проценувате колку да платите за престојот, јадењето и гостопримството. Станува збор за куќа (вила) од 1928 година, која е уредена во македонски стил и е наменета за престој на гости. Во ресторанот на вилата, домаќините нудат традиционални македонски јадења и пијалоци, кои што се домашно производство, а она што е најинтересно, покрај домашна ракија и вино, нудат и домашно пиво. Исто така на ваш избор останува дали ќе ве служат домаќините или сами ќе одите во градината по зеленчук и овошје, во подрум по вино итн. Целото место зрачи со позитивна енергија, љубезност, гостопримство и за се треба сами да оцените колку треба да платите, кога ќе го завршите својот престој во ова место. Па проценете сами колку вреди сето тоа.

dihovo1

 

Друго нешто што е карактеристично за ова село се Диховските Капејнци, карпи високи пет метри низ кои тече река, налик водопади. На ова место битолчани ја докажуваат својата машкост и храброст. Тие скокаат од високите карпи во водата на планинската Диховска Река, чија температура никогаш не надминала 10 степени. На овој начин битолчани и другите посетители, се натпреваруваат кој најдобро ќе скокне од високите карпи, директно во ладната вода на реката.

Доколку немате идеја каде да одите следниот викенд, посетете го прекрасното Дихово, почувствувајте го свежиот пелистерски воздух и уживајте во недопрената природа.

Share Button

Препорачани статии

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Повик за учество на работилница ” Божиќно италијанско кафе – традиции и обичии”

Слушателите ќе имаат можност да научат многу интересни приказни за Божиќ во Италија и ќе имаат можност да дегустирате традиционални италијански божиќни слатки

Распоред на часови за интензивен курс по италијански јазик – почетно ниво локации Центар, Карпош 3 и Автокоманда
Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по англиски јазик – почеток 10.09

Информации за слободни места на danaucime@gmail.com или 071/638997

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Распоред на часови за интензивен курс по германски јазик – почеток 10.09

Дополнителни информации на danaucime@gmail.com или 071/638997

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou (Мон ШуШу)- Kids Fashion

Mon ChouChou – Kids Fashion е место каде што ќе најдете модерни, уникатни, високо – квалитетни парчиња детска гардероба, наменети повеќе