EESTEC

EESTEC

Доколку и Вие сте млади ентузијасти, иновативни, енергични, динамични, амбициозни, секогаш спремни за нови предизвици и желни за нови знаења ЕЕСТЕК е тука за вас!

Што е ЕЕСТЕК (EESTEC)?

EESTEC (Electrical Engineering STudents’ European assoCiation) формирана во 1986 во Холандија е невладина, непрофитабилна организација на студенти од факултетите за електротехнички и компјутерски науки. Во моментов ЕЕСТЕК е распространет во 28 земји и на 53 универзитети низ цела Европа.

Во Скопје, локалниот комитет се оформува во 2003 година и со гордост можеме да кажеме дека претставува една од најбројните и најдобро организираните студентски организации кои функционираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Целта на организацијата е да воспостави контакти помеѓу самите студенти како и помеѓу студентите и нивните идни работодавачи. Интернационалните собири, организирани од локалните комитети на ЕЕСТЕК имаат за цел да ги развијат и подобрат организационите и комуникациските способности на идните инженери, како и да се воспостави размена на идеи и техничко знаење.

 

Активности на EESTEC LC Skopje:

Од почетокот на своето постоење ЕЕСТЕК ЛК Скопје има организирано дванаесет интернационални студентски работилници, две неакадемска студентски размени.

“Skopje Workshop 2004”, (25.04 – 03.05.2004 год.)

”Тaste the Networks”, (11.12 -19.12.2005)

“Feel the Energy”, (29.04 – 05.05.2007)

“Plone my Web”, (01 – 09.12.2007)

“WiMax to the Max”, (17 – 24.05.2009)

“ECM – EESTEC Chairperson’s Meeting”, (22.11 – 28.11.2009)

“Feel The Energy 2″, (29.04 – 05.05.2007)

“RoboMac 2010”, (02.05 – 08.05.2010)

“RoboMac 2012”, (19.02 – 26.02.2012)

“EGW”, (16.07 – 26.07.2012)

“Code App, level Up”, (09.12 – 15.12.2012)

“RoboMac 2013”, (10.03 – 17.03.2012)

“EGW 2”, (12.07 – 22.07.2012)

“T4T- Тренинг за Тренери”

Покрај овие интернационални настатни ЕЕСТЕК ЛК-Скопје има организирано и бројни мотивацискии викенди како и тренинг сесии за „меки вештини“ наменети за своето членство. Дополнително ЕЕСТЕК ЛК Скопје организира и многу друштвени настани (EESTEC Hour, Hug an EESTECer, промотивни седмици…).

Aплицирајте за Еду Картичка во ЕЕSTEC и добијте попусти во над 160 локали ширум Македонија!

Но мисијата на ЕЕСТЕК не застанува тука …

Во претстојниот период се планирани голем број на активности и интернационални настани со чија реализација дополнително би се зголемил квалитетот и знаењата на Македонските студенти. Ќе бидат организирани повеќе настанани меѓу кои Саем за вработување на студентите, продолжување на успешната работилница “RoboMac”, академија за ”Меки вештини’’ проект за овозможување на Интернационални професионални пракси за Македонските студенти и други …

Доколку и Вие сте млади ентузијасти, иновативни, енергични, динамични, амбициозни, секогаш спремни за нови предизвици и желни за нови знаења ЕЕСТЕК е тука за вас!

А како да станете член на ЕЕСТЕК ЛК Скопје?

Тоа може да го сторите на некои од нашите редовни состаноци секоја среда во 20 часот во АМФ на ФЕИТ/МФС, па ги покануваме сите заинтересирани да не посетат! J

Дополнителни информации за нашата организација може да најдете на официјалната веб страна на ЕЕСТЕК http://eestec.net/ или на веб страната на ЕЕСТЕК ЛК- Скопје http://www.eestec-sk.org.mk/index.php

Share Button

Активности

ЕЕСТЕК Академија, можност за бесплатни курсеви за личен развој

ЕЕСТЕК Академија, можност за бесплатни курсеви за личен развој

Студентската организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје од 15 ноември отпочнува со реализирање на серија на бесплатни курсеви кои ќе бидат достапни за ограничен број на студенти на УКИМ

ЕЕСТЕК ЛК Скопје – Семинар за Организација на настан

ЕЕСТЕК ЛК Скопје – Семинар за Организација на настан

Сите заинтересирани ги покануваме на 23 Април (Среда) во 20:00 часот да повелат во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС.

“NASA Space Apps Challenge Macedonia”

“NASA Space Apps Challenge Macedonia”

Настанот NASA Space Apps Challenge Macedonia ќе се одржи во периодот 11-13 април 2014 година во Скопје

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Биди дел од третиот Андроид натпревар!

Биди дел од третиот Андроид натпревар!

Крајниот рок за поднесување на идејата за апликацијата е 10 јануари.

Роботите повторно доаѓаат во Скопје

Роботите повторно доаѓаат во Скопје

Го видовте ли флеш мобот во Capitoll Mall?

Андроид ден во Скопје

Андроид ден во Скопје

На 10 Декември на кампусот на техничките факултети ќе се одржи овогодинешниот Андроид ден.

EESTEK го oгранизираат студентскиот настан T4T

EESTEK го oгранизираат студентскиот настан T4T

Т4Т е настан со интернационален карактер, во кој ќе земат учество студенти – членови на организацијата EESTEC од цела Европа