ESTIEM

ESTIEM

ESTIEM ( European Students of Industrial Engineering and Management ) е европско здружение на студентите по Индустриско инженерство и менаџмент.

Главна цел на организацијата е да ја зголеми комуникацијата и соработката помеѓу студентите по Индустриско инженерство и менаџмент во Eвропа.

Формирана во 1990 година, денес    ESTIEM брои 72 локални групи од 28 европски земји и над 50.000 студенти. 72те локални групи се всушност 72 универзитети од Европа, каде е застапена оваа студиска програма. Мултинационалните планерски тимови организираат широк спектар на активности во текот на целата година низ Европа, како што се размени, конференции, натпревари ( case study ), предавања и работилници.

“ESTIEM is an exciting network of open minded students with

a professional approach”

www.estiem.org

 

Поважни проекти на ESTIEM

 

  •   Генерално собрание, кое се одржува два пати годишно и на него се донесуваат најважните одлуки поврзани со ESTIEM. Собранието ги соединува сите активни членови на една недела. Собранието брои од 160 до 220 членови кои ги претставуваат своите локални групи, заедно со бордот, лидерите на проектите и лидерите на работните групи.

 

  •   T.I.M.E.S ( Tournament in Management and Engineering Skills ) е натпревар во студија на случај. Овој натпревар е главниот настан пред пролетното генерално собрание и се одржува еднаш годишно. Целта е да се изнајдат најдобрите студенти по Индустриско инженерство и менаџмент во Европа. Натпреварот започнува со локалните квалификации, за кои право на организација има секоја локална група. Победничкиот тим од секој локален натпревар заминува во едно од шесте полуфиналиња. Победниците од секое полуфинале продолжуваат во финалето. Темите на натпреварот се поврзани со инженерството и менаџментот и скоро секогаш се фокусирани на реални проблеми со кои се соочуваат компаниите, кои се најголеми поддржувачи на ESTIEM. На тој начин компаниите може да ги пронајдат и вработат најдобрите студенти по Индустриско инженерство и менаџмент.

 

  •   VISION семинари кои се одржуваат во неколку локални групи во текот на годината. Главна тема е менаџментот, фокусиран на теми кои се од големо значење за иднината. Првиот семинар е одржан во 1993 година со тема : Total Quality Management.

 

  • Europe 3D претставува серија од нaстани организирани 4 до 5 пати годишно во различни држави во Европа. На настаните учествуваат околу 30 учесници, од кои половина се членови на ESTIEM, додека другата половина се активни студенти од било кој дел на Европа. Целта на Europe 3D е истражување на земјата која го организира настанот во три димензии: култура, економија и политика. Низ лекции, работилници, посети на компании, дебати и екскурзии, на учесниците им се зголемува познавањето на државата во која се одвива настанот, како и предизвикот да живеат и работат во интернационална средина.

 

ESTIEM LG Skopje

 

 

 

 

Локалната Група Скопје е дел од големото семејство на ESTIEM од 2003 година. Иако како  релативно млада локална група  сеуште го трасираме патот кон остварување на целите, во нашата историја имаме запишано повеќе значајни настани, кои се важни за оформувањето на она што сме денес. А денес, кога станува збор за ESTIEM ЛГ Скопје, се мисли на група од 70-тина студенти по Индустриско инженерство и менаџмент со голем ентузијазам, амбиции и желба да излезат надвор од страниците на книгите и да применат дел од своите вештини низ работата во ESTIEM. Благодарение на креативноста и упорноста, како и несебичната поддршка од Машинскиот Факултет под чии закрила е локалната група Скопје, успеавме да ја издигнеме нашата организација до едно задоволително ниво, со желба да бидеме уште поуспешни и попрепознатливи.

 

Со нашата досегашна работа оставивме силен впечаток кај нашите професори како и компаниите со кои досега сме соработувале.  На интернационално ниво ЛГ Скопје е важна алка во ESTIEM синџирот, препознаена како група која брзо напредува и се развива.И покрај постојаната смена на генерации, како организација сеуште имаме потреба да се активираме организирајќи различни настани, учествувајќи на настани организирани од други локални групи, каде стекнуваме познанства со ИИМ колеги од речиси цела Европа и се здобиваме со неформално образование поврзано со нашата професија.

 

Обврските на членовите во Локалната група Скопје се многу едноставни. Најважно е да доаѓаат на редовните состаноци кои се одржуваат еднаш неделно, а на кои се дискутира за сегашните и идни активности кои треба да се превземат.Членовите допридонесуваат за организација на многубројните настани кои ги имаме во текот на година, а и имаат можност да патуваат низ Европа за релативно доста ниски цени.

 

 

Покрај ова членовите може да се зачленат и во посебните тимови кои ги созадовме мината година:

– Тим компании: чија здача е да пронајдат компании кои се спремни на соработка со нас

– Тим односи со јавности : кој се грижи за сликата на локалната група во очите на јавноста

– Тим активности : чија главна задача е следење и реализација на сите домашни и странски настани

– Тим финансии: кој ги следи конкурсите за јавни грантови ( домашни и странски ) и ги пишува истите

– Тим ИТ : кој ја одржува веб страната на нашата организација

 

 

 

 

За повеќе информации поврзани со ЕСТИЕМ ЛГ Скопје:

 

Facebook : https://www.facebook.com/pages/ESTIEM-LG-Skopje/115627348453059

Twitter : @ESTIEMLGSkopje

Web : www.estiem.org.mk

 

Или пак директно на :

president.skopje@estiem.org; lr.skopje@estiem.org;

 

Share Button

Активности

VISION – Финална конференција во огранизација на ESTIEM – Скопје

VISION – Финална конференција во огранизација на ESTIEM – Скопје

По минатогодишниот настан Europe 3D Macedonia и сега веќе завршената размена на студенти со локалната група од Ајндховен, на ред доаѓа долго-очекуваната VISION – Финална конференција

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

[ЕСТИЕМ ЛГ Скопје] Europe3D годинава и во Македонија

[ЕСТИЕМ ЛГ Скопје] Europe3D годинава и во Македонија

Да се покажеме како добри домаќини!

ЕСТИЕМ-ци информираат: како да се биде поуспешен?

ЕСТИЕМ-ци информираат: како да се биде поуспешен?

Машинци од Европа, обединете се!

Ексклузивна соработка помеѓу Еду картичка и ЕСТИЕМ ЛГ Скопје

Ексклузивна соработка помеѓу Еду картичка и ЕСТИЕМ ЛГ Скопје

Да Научиме постигна договор за развивање на проектот Еду Картичка со студентската организација ЕСТИЕМ ЛГ Скопје. Канцеларијата на ЕСТИЕМ е новото продажно место на Еду Картички!