BEST

BEST

Придобивки од студентскиот живот...свесни сте дека постојат, но дали ги барате на вистинските места? Патувања, подобрување на различни вештини, нови пријателства, конференции, контакт со компании се само дел од она што студентската организација БЕСТ Скопје им нуди на студентите на страна од универзитетските клупи. Студенти, спремете се за нови предизвици!

БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност  да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

БЕСТ Скопје е дел од мрежата Локални БЕСТ Групи кои активно дејствуваат во 33 различни земји ширум Европа. Основана е на 9-ти Март 2002 година од мала група амбициозни студенти кои преку членување во оваа студентска организација гледале големи можности за студентски размени, подобрување на различни вештини, патувања и забава. БЕСТ Скопје работи на различни проекти во текот на годината, но секоја година традиционално се одржуваат: Job Fair – Саем за вработување и кариера, EBEC – Инженерски натпревар и Летниот меѓународен академски курс.

Придобивките од членување во оваа организација се огромни и препорачани за сите студенти. Членови на БЕСТ Скопје може да бидат студенти запишани на Универзитетот  “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Сите заинтересирани за приклучување во оваа студентска организација може да ги посетат редовните состаноци кои се одржуваат секој Вторник во Амфитеатарот на ФЕИТ и МФС, со почеток во 20:00 часот.

За повеќе информации:
skopje@best.org.mk
www.best.org.mk
www.facebook.com/bestskopje
www.twitter.com/bestskopje

Share Button

Активности

“NASA Space Apps Challenge Macedonia”

“NASA Space Apps Challenge Macedonia”

Настанот NASA Space Apps Challenge Macedonia ќе се одржи во периодот 11-13 април 2014 година во Скопје

Центар за Бизнис Психологија на Job Fair

Центар за Бизнис Психологија на Job Fair

11 Март во 10 часот во просториите на Технолошко-Металуршкиот факултет и 13 Март во 14 часот на Градежен факултет.

Job Fair – вашата шанса за вработување е веднаш зад аголот

Job Fair – вашата шанса за вработување е веднаш зад аголот

Време е да го работите она што го сакате!

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Победници на 5тиот EBEC Скопје

Победници на 5тиот EBEC Скопје

BEST Скопје го пополни својот работен календар со уште три успешно реализирани денови -деновите на ΕΒEC, инженерскиот натпревар. Оваа година, натпреварот повеќе

Aплицирај за пролетни курсеви низ цела Европа

Aплицирај за пролетни курсеви низ цела Европа

БЕСТ – Борд на Европски Студенти по Технологија им нуди на студентите одлична можност за патување низ Европа во текот на пролетната сезона. Делфт, Париз, Солун, Милано, Москва, Торино се само дел од градовите во кои ќе се одржуваат академски курсеви на теми од областа на архитектурата, инженерството, лидерството, информационите технологии и многу други.

БЕСТ е новото место за аплицирање за Еду Картичка

БЕСТ е новото место за аплицирање за Еду Картичка

Да Научиме го развива проектот Еду Карта. На наше огромно задоволство ви соопштуваме дека ново место за аплицирање за Еду Картичка за младински попусти и поволности е БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија.