AEGEE

AEGEE

AEGEE-Скопје е дел од разгранетата мрежа на AEGEE-Европа. Основано е во 1993 година при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Претставува прва студентска организација во Р.Македонија која работи на европско ниво.

Вклучувајки се во сите активности на AEGEE мрежата, АЕГЕЕ-Скопје за 18 години постоење стана една од најактивните антени и беше прогласена во 2000 и 2005 година за една од петте најуспешни антени коишто ја движат организацијата во Европа. AEGEE-Скопје издаваше и магазин Europe – No borders no limit којшто е прогласен за најдобра европска студентска публикација во АЕGЕЕ мрежата во 1994 и 2000/2001. Во своето богато делување АЕGЕЕ-Скопје има организирано бројни меѓународни и локални настани меѓу кои е и Летниот Универзитет како еден од најголемите и најзначајни настани во Аегее воопшто.

Во изминативе 22 години се организираат по 100 Летни Универзитети годишно, ширум цела Европа, на кои земаат учество околу 6000 студенти. Секој кој ќе стане член на AEGEE Скопје ќе има можност да аплицира и да биде дел од меѓународните настани и Летни Универзитети одржани низ цела Европа.Секоја година Aegee испраќа во многу голем број членови на прекрасни дестинации како Франција, Германија, Норвешка, Шпанија, Италија, Хрватска, Португалија и многу други.

Aegee Скопје позади него има успешно реализирано многумина проекти и Летни Универзитети.

Во Aegee ќе научиш за правото, економијата, информатиката, ќе работиш на проекти и ќе организираш разни настани.  Во Aegee ќе научиш да дебатираш, да го сослушаш соговорникот, да менуваш искуства и знаење со млади од цела Европа, тука ќе научиш да го сакаш различниот од тебе.Кога си во Aegee, Европа е во твојата дланка.

Сѐ  што треба да направите е да уплатите годишна членарина од 600ден и да почнеме со активности!  Се разбира, најважно од се’ е да имате студентски дух и искрена желба!

Ве очекуваме во канцеларијата  која се наоѓа на Правениот Факултет “Јустинијан Први”- Скопје

Kонтакт: https://www.facebook.com/aegee.skopje

 

Share Button

Активности

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Живеј haLALAlthy со Аеже – Скопје и дружи се со цела Европа

Кога срцето ти вика „журкај се“, ама паметот ти вели да живееш здраво, тогаш е време за АЕЖЕ (AEGEE)Скопје!

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Секој Студент и Аегеее Скопје организираат семинар за лидерство

Сите кои присуствувале на семинарот ќе добијат СЕРТИФИКАТ за учество по follow up (консултации за лично подобрување)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Повик за учество на тродневен тренинг курс во Маврово (AEGEE- Скопје)

Темата на настанот ќе биде запознавање на работата на AEGEE Скопје (HR, PR и FR работилници), обучување во областа на организација на настани, функционирање на невладиниот сектор и дискусија за студентскиот живот

AEGEE, welcome on board

AEGEE, welcome on board

Еду-картичката е поблиску до вас!