EMSA

EMSA

ЕМСА - Македонија претставува невладина, непрофитна, студентска организација, која веќе 13 години официјално постои во Македонија, на Медицинскиот Факултет при УКИМ.

Европска Медицинска Студентска Асоцијација (ЕМСА) е интернационална студентска организација основана во 1991 година во Брисел, Белгија, а истата веќе неколку години е поддржана од Европската комисија и е официјално призната од Светската здравствена организација (WHO). ЕМСА преку својата работа се стреми да го подобри квалитетот на здравјето и здравствената заштита на граѓаните во Европа преку трансфер на знаење и едукација на студентите по медицина со организирање на проекти од различни аспекти на медицинската едукација и наука, како и јавното здравје и култура. Исто така, ЕМСА преку овие настани дејствува во насока на интеграција на студентите по медицина од Европа. Една од најкаратктеристичните работи за оваа организација е тоа што членовите на ЕМСА се индивидуалните факултети, а не државите. Во моментов, асоцијацијата обединува 96 факултети од 20 земји од географското подрачје на Европа.

 

ЕМСА – Македонија

 

ЕМСА – Македонија претставува невладина, непрофитна, студентска организација, која веќе 13 години официјално постои во Македонија, на Медицинскиот Факултет при УКИМ. Дејствува во насока на подобрување на здравјето и квалитетот на здравствената заштита во Р. Македонија, како и унапредување на медицинската наука. Покрај тоа, оваа организација делува и како платформа за дијалог во врска со културно политички прашања, како и размена на искуства, информации и мислења во област на медицинската едукација и етика. Преку своите активности, ЕМСА – Македонија се стреми кон зголемување на интеракцијата на Македониските студенти со Европските, како и нивно интегрирање во Европското мултикултурно општество.

 

ЕМСА се базира на четири „столба“ кои се срцевината на организацијата:

  • Медицинска Едукација;
  • Медицинска Наука и Истражување;
  • Европска Интеграција и;
  • Медицинска Етика и Јавно Здравје.

 

Почнувајќи од овие столбови произлегуваат сите проекти.

 

Членови можат да бидат сите студенти по медицина од Медицински Факултет – Скопје.

 

Во последниве неколку години, ЕМСА – Македонија остварува успешни соработки со голем број организации од републиката, како: ДаНаучиме, EPSA, ELSA, AEGEE, AIESEC, BEST, Лекарска Комора, Лулка, Национален Младински Совет и многу други. Со ова се докажува дека студентите по медицина се особено активни на полето јавно здравје.

Share Button

Активности

Бидете активни за време на студирањето

Бидете активни за време на студирањето

Пракси, обуки, волонтирање и уште многу други активности чекаат на вас!

ЕМСА на студентите им нуди начин да се поврзат со сите студенти од Европа и начин да стекнат нови гледишта на медицината и светот

ЕМСА на студентите им нуди начин да се поврзат со сите студенти од Европа и начин да стекнат нови гледишта на медицината и светот

ЕМСА – Македонија претставува невладина, непрофитна, студентска организација, која веќе 13 години официјално постои во Македонија, на Медицинскиот Факултет при УКИМ

Summer School of Urgent Medicine, Macedonia

Summer School of Urgent Medicine, Macedonia

Летната школа ќе се одвива во градот Охрид

Продолжува Розевата борба. Приклучи се!

Продолжува Розевата борба. Приклучи се!

Во светски рамки, октомври е месец на борба против ракот на дојка. Еве како се приклучуваме и ние.

ЕДУ картичка од сега и на медицина

ЕДУ картичка од сега и на медицина

Да научиме, со проектот Еду картичка и понатаму ја продолжува соработката со студентските организации.