На Пастрмајлијада во Штип 4 дена!

На Пастрмајлијада во Штип 4 дена!

Да го започнеме октомври со вкусна Пастрмајлија

Новина во оваa уникатна штипска и македонска манифестација е датумот на оддржување на Пастрмалијадата и локацијата.

 

Имено, „Штипската пастрмалијада 2013“ годинава ќе биде четиридневна манифестација и ќе се оддржи на 10, 11,12 и 13 октомври. Манифестацијата на 11 и 12 октомври ќе се совпадне и со оддржувањето на „Макфест 2013“. До сега заеднички двете манифестации се оддржаа во ноември 2009 година, по што „Пастрмалијадата“ како датум на оддржување во текот на следните три години (2010/2011/2012) се оддржуваше на крајот на септември, по празникот „Успение на Пресвета Богородица“.

 

Бидејќи ви отворивме апетит, научете дотогаш како се прави пастрмајлија! Еве го и оригиналниот рецепт!

 

Што се однесува до локацијата, минатата година, манифестацијата се оддржа на градскиот плоштад а претходните две години (2010 и 2011) на улицата „Ванчо Прке“. Оваа година, предлог е „Пастрмалијадата 2013“ да се оддржи на крак од улицата „Ванчо Прке“, поточно од новиот кружен тек па се до преминот под градскиот трговски центар. Тоа ќе биде новата улица на пастрмалиите. Причина за изборот на ова локација е поголемиот број на кафулиња и ресторани кои продаваат алкохолни, безалкохолни и прехранбени производи, и фреквенцијата на луѓе кои би имале можност да ја користат приликата за посета на манифестацијата и штандовите, на локалите како и на бутиците од трговскиот центар и долж самата улица.

images (8)

 

Локацијата се покажа како добра при неодамнешното отворање на едно штипско кафуле, кога паркинг просторот беше испразнет, беше поставена мала сцена за концерти а улицата беше со мноштво маси и столови. За поставување на поголема сцена се бираат неколку локации а најверојатно ќе биде поставена пред патниот премин, со што сите посетители кои ќе ја посетата манифестацијата, ќе можат и да уживаат во пастрмалиите и да го следат настапот на изведувачите.

 

Биди во тек со сите настани со Еду Магазин!

 

Ова се почетни идеи и насоки, со што локалната самоуправа влегува во почетни активности на реализација на „Штипската пастрмалијада 2013“. Концептот може да претрпи одредени измени пред се во техничка смисла, додека датумите и локацијата се веќе дефинирани.

 

 

 

 

Извор – Курир
Share Button

Препорачани статии

Аплицирајте за целосна стипендија на Американскиот Универзитет во Бугарија

Аплицирајте за целосна стипендија на Американскиот Универзитет во Бугарија

Со поднесување на он лајн апликација најдоцна до 15 декември 2014, може да се регистрирате за бесплатниот (институционален) TOEFL тест кој ќе се оддржи на 31 јануари 2015 во Скопје.

ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ ВО EXCEL – ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ НА ПОЗНАТИ ТЕОРИСКИ КОНЦЕПТИ ОД ОБЛАСТА НА ФИНАНСИИТЕ, БАНКАРСТВОТО И ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ
Распоред на презентации на Да Научиме -Еду Картичка во средни училишта во Скопје
Бидете и Вие дел од незаборавното Work and Travel USA 2015 искуство!

Бидете и Вие дел од незаборавното Work and Travel USA 2015 искуство!

Бидете и Вие дел од незаборавното Work and Travel USA 2015 искуство! Искористете го попустот од 100 $ и аплицирајте до 31.12.2014.

Сите ученици на “Браќа Миладиновци” можат да аплицираат за Еду Картичка по цена од 100 денари!