Тако, Мексико + рецепт

Тако, Мексико + рецепт

Тако е традиционално мексиканско јадење од тортиља која се полни со различни филови. Филовите навистина можат да бидат најразновидни и зависат од сопствените вкусови – говедско месо, пилешко, морски плодови, зеленчук. Пријателите од “Часови по готвење” го споделија со нас рецептот за тако

Такото обично се јаде без прибор, а неговиот вкус го надополнуваат салца, авокадо, гвакамоле, магдонос, кромид, домати, кашкавал и зелена салата марула.

Шпанските речници такото го објасуваат како „тортиља полнета со зачинето месо“.

5 (1)

Ова јадење доаѓа во Мексико благодарение на европјаните. Првите знаци на ова јадење се забележуваат од луѓе кои живееле во долините на Мексико и јаделе тортиља полнета со риба.

1

Такото станува познато кога американците почнале да го приготуваат во фаст фуд ресторанчињата. Таму се смета за брза храна, иако луѓето порано го јаделе како оброк за време на ручек.

Постојат многу традиционални рецепти за тако: тако на скара, тако со риба, тако со ракчиња, тако со свинско месо, микс од повеќе видови месо…

Taco Bell е најпознатиот синџир на брза храна во Америка каде се служат типично мексикански јадења: начос, тако, буритос, чалупас… Нашите пријатели Часови по готвење велат дека Тако се прави на следниот начин:

Потребно е:

  • 12 тортиљи
  • 450 гр мелено месо
  • 1 главица кромид
  • неколку листови марула, исечена на покруни парчиња
  • 2 домати, исечкани на коцки
  • 400 гр рендан кашкавал
  • 100 мл кисела павлака
  • 100 мл вода
  • салца од домати
  • пола китка ситно сечкан магдонос
  • зачини за месо: 1 лажица чили во прав, 1 лажица црвен пипер, 1 лажица ким, 1 лажица оригано, 1 лажиче лук во прав, пола лажиче сол,  1 лажиче густин

Подготовка: Во тавче за пржење ставете малку масло. Ставете го исечканиот кромид да се пржи и омекне. Ставете го месото и пржете го додека да ја смени бојата во кафена. Со лажица извадете го вишокот маснотија од тавчето и ставете 100 мл вода и ставете ги зачините. Оставете да се динста околу 10 минути, повремено мешајќи. Водата треба да биде испарена и месото да не биде течно. Загрејте ги тортиљите од двете страни во рерна или на рингла, малку колку да омекнат. Земете ја тротиљата и почнете да редите: еден слој зелена салата, па неколку лажици од меленото месо (не ги преполнувајте тортиљите!) неколку коцки домати, ситно сечкан магдонос, салца, малку рендан кашкавал, пак малку салца и една лажица кисела павлака. Тортиљите виткајте ги како палачинка или само преклопете ги. Се сервираат со кришки лајм.

Споделете ги со пријателите и најблиските.

Ако ве заинтересира овој текст, прочитајте и како се прави  Nachos или Шпански омлет.

 

Share Button

Препорачани статии

Направи лековит сок од компир
Какао за подобра меморија

Какао за подобра меморија

Претходните истражувања открија дека нормалното намалување на когнитивната функција е поврзано со промени во оној дел на хипоталамусот кој е задолжен за формирање на нова меморија

Зошто треба да се јаде киви

Зошто треба да се јаде киви

Благодарение на содржината на сите овие витамини и минерали, кивито е едно од најбараните и најупотребувани овошја кое го користат во исхраната оние кои сакаат да се грижат за здравјето

Диета со јаболка

Диета со јаболка

За витка става

Ништо не е така како што изгледа!

Ништо не е така како што изгледа!

Колку пати во нашиот живот зад маската на среќа се кријат солзи,  зад насмевката на луѓето стои тагата, а зад повеќе